Македонија
(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“
Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово, Ресен, Свети Николе, Битола, реагира „Анима мунди“.

Според одговорните од таму, напоредно со другите градови веќе пет дена трае голготата за уличните и домашните животни во Скопје, пред сè, во општина Аеродром. Реонот околу „Тобако 2“, воените кули, Поликлиниката „Јане Сандански“, населбата Мичурин; Ново Лисиче и тоа веднаш покрај Полициската станица во Ново Лисиче и детската улица „Тоше Проески“, се местата на постојано расфрлање отрови од кои досега настрадаа најмалку 15-ина животни.

Отровите се поставуваат во близина на маркети, детски игралишта и паркови, влезови, кафе-барови и ресторани, повеќето со безбедносни камери што би послужиле како доказен материјал за пронаоѓање на сторителот.

„Иако поднесуваме пријави и реагираме, Општината и полицијата не преземаат ништо. И покрај посочувањето осомничени со докази и директни закани од нив, полицијата и Општината молчат, а бранот на труења продолжува. Веќе вториот ден повикани се на местото каде што наша активистка пронајде храна со непозната прашеста материја, место каде што претходниот ден пцовисаа безброј животни, за на крајот самата да биде принудена да се ослободи од отровот за да не бидат други жители и животни во опасност од него. Поточно, постапи по насоки на полицаец кој ѝ кажа отровот да го тргне сама, а доколку сака, приватно да поднесе тужба. Посочуваме дека отровите што се користат за труење на животните може да бидат фатални за човекот и само со вдишување“, се вели во соопштението.

Тие бараат итна меѓуинституционална координација и постапување во согласност со законските овластувања, како и воспоставување трајна законска забрана за слободната продажба на отровни материи кои се закана за животот и безбедноста на сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

