Македонија
Македонски кардиолози на најголемиот конгрес за интервентна кардиологија во светот
Кардиолози од ЈЗУ „Завод за кардиоваскуларни заболувања- Охрид “ и универзитетската Клиника за кардиологија од Скопје престојуваат на најголемиот конгрес од областа на интервентната кардиологија TCT 2018, кој секоја година се одржува во САД , а оваа година домаќин на настанот е градот Сан Диего во Калифорнија.
На овој годишен собир Кардиолошкиот завод од Охрид го преставуваа д-р Никола Бакрачески, д-р Дејан Манчески и д-р Благоја Стефаноски од Охрид, а д-р Оливер Бушлетиќ ја претставуваше Клиниката за кардиологија од Скопје. Нивното учество на конгресот беше заокружено со успешна презентација на интересни клинички случаи и техники на работа што се применуваат во Охрид.
На ТСТ 2018 се презентираа најновите научни и технолошки достигнувања, како и техники на работа во областа на интервентната кардиологија, на софистициран начин преку пренос во живо од различни операциони сали од повеќе реномирани центри во светот, но и преку дидактички лекции и интерактивни тренинзи, за кои државното здравство во Македонија се обидува да следи чекор и да ги применува.
Раководителот на интервентната кардиологија во Охрид, д-р Никола Бакрачески, одржа презентација на случаи на тема „ Како не треба да се пристапува на коронарна бифуркација“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

