Забава
Базиликата „Саграда фамилија“ е најпозната нелегална градба во светот
Познатата базилика на шпанскиот архитект Антонио Гауди, „Саграда фамилија“ во Барселона, која е под заштита на УНЕСКО, се гради без надзор од надлежните, кои би требало да обезбедат почитување на градежните прописи, пишува весникот „Ел паис“.
Базиликата во готски стил се гради веќе 136 години, а изградбата не ја контролира ниту локалниот совет на градската управа ниту каталонската регионална влада, пишува весникот и истакнува дека познатата градба дневно ја посетуваат во просек по 12.000 луѓе.
Годишно базиликата ја посетуваат околу 4,5 милиони луѓе и се проценува дека таа е најпосетена туристичка атракција во Шпанија.
Планирано е „Саграда фамилија“ да биде завршена до 2026 година на 100-годишнината од смртта на Гауди, но и покрај огромното значење на проектот за Барселона и околината, познатиот објект нема дозвола за изградба.

Фото: ЕПА
Една дозвола е издадена во 1882 година кога локалните власти го одобриле планот на Гауди. Катедралата дури не е ни впишана во катастарот, а од 1995 година земјиштето на кое се наоѓа се води како сопственост на епархијата на Барселона.
По повеќе од еден век, колку што трае изградбата, одборот за градење и градоначалничката на Барселона, Ада Колау, во 2015 година почнаа преговори за да ја регулираат градбата со специјален урбанистички план. До тогаш градежните активности ќе продолжат без каков било надзор.
Во 2007 година било откриено дека осум столба на објектот кој е граден без никакви градежни правила навлегле од 20 до 50 сантиметри во означената патека за поминување околу базиликата. Градското собрание не презело ништо, наведува весникот.
Колау изјавила дека таа само работи на постигнување договор што ќе обезбеди градежна дозвола за базиликата и да се продолжи изградбата според планот на Гауди.
Досега се завршени 70 отсто од базиликата висока околу 85,4 метри. Во 2022 година е планирано да биде поставена купола од Исус Христос со што „Саграда фамилија“ ќе стане највисоката зграда во Барселона со 172,5 метра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

