Забава
На првата геј-венчавка во кралското семејство младоженецот до олтарот го одведе поранешната сопруга
Дури три свадби на членовите на кралското семејство ја обележаа 2018 година. По венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, а пред да се одржи онаа на принцезата Јуџин и Џек Бруксбенк, одржана е и првата геј-венчавка во семејството.
Минатиот викенд на приватна церемонија за семејството и блиските пријатели во Девон вторпат се ожени роднината на кралицата Елизабета Втора, лорд Ивар Маунтбатен. Тоа можеби не би било чудно доколку по разводот од сопругата Пени, тој не се ожени за својот долгогодишен партнер Џејмс Којл и на тој начин влезе во историјата.
Бидејќи сè околу оваа свадба беше невообичаено, не е изненадувачки што неговата поранешна сопруга Пени Маунтбатен, со која остана во одлични односи по разводот, му го предаде лорд Ивар на новиот сопруг. Тоа беше идеја на нивната ќерка дека мајка ѝ треба да го стори тоа.
Наводно, поради претходно договорени обврски, никој од најблиските наследници на кралицата Елизабета Втора, ниту таа самата, не присуствуваа на венчавката. Фотографиите од венчавката ги сподели лорд Ивар на својот инстаграм-профил пишувајќи објава која започнува со зборовите: „Конечно успеавме!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британец се обидел да направи торта за внуката која ја обожува Тејлор Свифт, фотографиите станаа вирални
На социјалните мрежи кружат вирални фотографии од Британец, кој сакал да ја расположи својата внука, која инаку е голем фан на пејачката Тејлор Свифт.
Кит Сковел се пофали со торта инспирирана од пејачката во група на Фејсбук, а неговото дело набрзо стана вирално.
„Не очекував да бидам толку исплашен денес“, „Дали внука ти можеби имаше кошмари после тоа?“, „По ова ми треба терапија“, „Ова ми требаше денес , фала на смеењето“, „Ја погоди скрос“, се дел од коментарите.
This Taylor Swift cake has just made my week. pic.twitter.com/7UjnmXzBVY
— Claire Thompson She/Her (@thompoclaire) October 10, 2024
Инаку, Тејлор Свифт официјално стана најбогатата музичарка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари. Пејачката стана милијардерка по огромниот успех на нејзината турнеја Ерас минатата година, надминувајќи ја Ријана, чие богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.
Забава
Кои биле најбогатите луѓе во Југославија – рекордот го држи граѓанин на Скопје, а на листата нема политичари
Најбогатите луѓе во поранешна Југославија се најдоа на листата на магазинот ТОП од 1988 година. Она што е особено интересно е што на списокот нема политичари.
Во февруари 1989 година, Даночната управа презентираше прелиминарна листа на најбогати граѓани од претходната година, во која беше наведено дека најголеми приходи пријавиле приватни ресторани, пејачи, композитори на народна музика, претставници на странски компании, фудбалери, ликовни уметници, новинари и универзитетски професори.
Интересно е што на оваа листа нема политичари, а вреди да се нагласи и дека даночната основа не беше еднаква за цела Југославија и се пресметуваше според оваа формула: просечен приход помножено со три.
Апсолутен рекордер е приватен угостител од Скопје, кој пријавил дека во 1988 година остварил заработувачка од 171 милион динари.
Во Белград најголема заработка забележал пејач на народна музика (142 милиони динари), во Загреб претставник за продажба (61 милион динари), а во Љубљана академски скулптор (28 милиони динари).
Забава
Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе
Најбогатите луѓе во светот често припаѓаат на знакот Вага.
Најмалку милијардери, само осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив е и Џеф Безос.
Астрологијата вели дека распоредот на ѕвездите во моментот на раѓање ја одредува нашата судбина. Некои веруваат дека тоа е вистина, други пак, дека секој е креатор на својата среќа. Меѓутоа, хороскопските експерти утврдиле кои знаци се најбогати, односно во кој период од годината се родени најбогатите луѓе на светот. Тие ја погледнале листата на милијардери на Форбс и дошле до заклучок дека повеќето од нив припаѓаат на знакот – Вага.
Во хороскопот на милијардерите, дури 27 од најбогатите луѓе на денешницата се Ваги. Во таа група е и познатиот американски дизајнер Ралф Лорен.
Второто место им припаѓа на Рибите, а меѓу 22-те супербогати личности се најдоа бизнисмените Руперт Мардок и Бернард Арно, директор на групацијата LVMH.
Третото место го делат Лав, Рак и Бик со многу познати имиња како Илон Маск, Ричард Бренсон, Марк Цукерберг. Најмалку милијардери, „само“ осум, припаѓаат на знакот Јарец. , но меѓу нив е и Џеф Безос .
Ким Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, на 21 октомври слави роденден, што значи дека припаѓа на знакот Вага. Ријана е побогата за двесте илјади долари. Таа е Риба. Музичкиот магнат Џеј Зи, кој има две ипол милијарди на сметката, е роден во знакот на Стрелец.