Соопштенија
„Македонија бојкотира“ од Дебарца, Вевчани, Струга и од Охрид: Нека нè следат и прислушуваат, само да не ни го скршат духот

Карванот на Кризниот штаб против референдумот во рамките на кампањата „Македонија бојкотира“ имаше средби, собири и митинзи во општините Дебарца, Вевчани, Струга и во Охрид.
Како што велат, општ впечаток на граѓаните и говорниците е дека македонскот народ и повеќето од граѓаните на Република Македонија масовно се определуваат за бојкот и неизлегување на референудмот како единствена начин за одбрана на вековното македонско име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и дека народот не го прифаќа капитулантскиот договор со Грција со кој се бришат Македонците од светската мапа на нациите.
„Говорниците повикаа на бојкот и неизлегување на референдумот и на тој начин на 30 септември да ја сочуваме македонска Македонија. Марионетската власт е во очај и паника оти референдумот нема да успее и затоа секојдневно шират популистички лаги слични на скојдневното лажење на Заев, кој кажува дека небаре на граничниот премин Табановце чекаат милијарди евра од ЕУ и само треба да го смениме името и тие пари ќе ја поплават Македонија и сите ќе бидат богати и среќни. Не верувајте му на триото Заев, Шекеринска и Димитров оти животот во Македонија дојде само за врхушката на власт и за нивните бизниси и тие сакаат членство во НАТО оти знаат дека НАТО им го гарантира украденото на сите оние што извршија грабеж на народот“, се наведува во соопштението.
Од таму додаваат дека НАТО не го интересира грабежот, туку, како што велат, само сака послушни политичари што ќе му служат верно.
„Не плашете им се на заканите оти по неуспешниот референдум, ќе падне марионетската влада во Скопје и ќе немаат време да ги остварат заканите што ги упатуваат на терен. Може да нè следат, прислушуваат, да ни се закануваат со апсења, но да не дозволиме да ни го скршат духот оти ако ни го убијат духот, ќе ни го убијат и името. Борбата не е лесна, но немаме друт пат. Не им било лесно и на нашите револуционери во минатото, кои можеле да си седат дома и да не се борат. Но, така ќе ја немаше Македонија“, се додава во соопштението.
„Сите заедно, старо и младо, машко и женско на нозе се креваме да ја спречиме инсталираната власт контролирана од странски центар да избрише сè што е македонско. Нашата борба е исправна, ние се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нациите, се бориме за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија ќе победи – беше истакнато, меѓу другото, од говорниците Драган Угриновски, координатор на Кризниот штаб, Исмаил Бојда од Сојузот на Македонците со исламска религија, Насто Палиоски од ТОМ – 2003 и Јанко Бачев, лидерот на Единствена Македонија“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Бајовски: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира

Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, е пораката од вчерашниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Зоран Бајовски во Чучер Сандево.
На митингот присуствуваа и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за правда, Владо Мисајловски и низа партиски функционери.
Бајовски е кандидат кој се обврзува на транспарентност и мерливи резултати, сплотен со тим поддржан од партијата.
Пораката на митингот беше: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите.
Соопштенија
Адеми: ВРЕДИ бара гласови за Мицкоски и ВМРО во Љуботен

Она што денес се случува на албанската политичка сцена е без преседан во историјата на плурализмот: коалиција што се нарекува „албанска“ води кампања за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ — и тоа го прави со гордост, со сервилност и со јавно понижување, тврди потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.
„ВРЕДИ не се бори за гласот на Албанците, ВРЕДИ се бори за својот политички опстанок преку поддршката на својот политички патрон. Во Бутел, во Скопје, каде што Албанците за првпат се обединети околу еден кандидат, д-р Исамедин Азизи, и каде што историјата може да се промени со првата победа на Албанците во оваа општина – ВРЕДИ ја избра другата страна, страната на ВМРО. Нивните лидери денес шетаат низ Љуботен со Христијан Мицкоски и неговиот кандидат Дарко Костовски – човек кој јавно е поддржан од Јохан Тарчуловски, добро познат по своите дела во ова село. Иронијата е уште поголема: оние што некогаш пролееја „крокодилски солзи“ за мачениците од Љуботен, денес бараат албански гласови за кумовите на Тарчуловски. Постои ли поголемо политичко и морално понижување од ова? Ве прашуваме јавно: до каде може да одите? До кое ниво можете да се понижите – само за едно столче без власт?Ако во Гостивар кандидатот на ВРЕДИ отиде на митингот на ВМРО за да моли за нивна поддршка, во Бутел оди целото нивно раководство за да се поклони за еден глас за ВМРО“, рече Адеми.
Според него, ова веќе не е ниту соработка, ниту поддршка туку е политички вазалитет, целосна покорност кон патронот кој им го дава „електоралниот кислород“ за опстанок.
„Тие веќе немаат албански глас, немаат поддршка ниту почит. Наместо да бараат поддршка од Албанците, тие молат за милост од својот македонски патрон.
Затоа ВРЕДИ ја бара својата „спасувачка гума“ кај Мицкоски. Во Љуботен тие не бараат глас за Албанците – туку глас за својот патрон и неговиот кандидат, Дарко. Ова е најјасниот доказ дека ВРЕДИ веќе не претставува ниту еден албански интерес – ниту политички, ниту национален, ниту морален. Во време кога Албанците во Бутел се обединети за историска победа, ВРЕДИ се обидува да го поткопа тоа единство за да му служи на својот патрон, во трката меѓу Дарко и Исамедин. Но, ни гласовите на ВМРО нема да ги спасат – албанскиот народ ќе им одговори онака како што заслужуваат на 19 октомври, со глас, со достоинство и со единство“, вели Адеми.
Соопштенија
Лукровски: Ќе изградиме нова детска градинка и ќе ги реконструираме постоечките во Карпош

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, во својата изборна кампања има предвидено нова детска градинка и реконструкција на постоечките во Карпош.
„Досегашното мое работење кажува дека секој еден може да гради улици, да поставува плочки, и ивичњаци но јас верувам дека вистинска силна општина не се гради од бетон туку од луѓе. Образованието и грижата за децата за мене не се трошок, тие се највисока форма на инвестиција, затоа јас ќе направам се што е потребно, ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето. Да биде прописно загреано во зимските денови, и климатизирано во летните месеци. Со поставување на фотоволтаици на крововите, од училиштата и градинките, на тој начин ќе ја искорениме зависноста од мазут набавена од било кој и да е петрол. А преку тоа и загадувањето во Карпош. Ќе ја изградам новата централна градинка во Карпош, со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење, преку природа по светски стандарди. Паралелно ќе започнам целосна реконструкција на сите постоечки градинки, не површно туку темелно, ќе ги заменам старите изабени креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, ќе ги подобрам осветлувањето, подовите и тоалетите. Затоа што детската сигурност, не смее да зависи од буџетот“, рече Лукровски.
Вели дека ќе воспостави и сензорни зони за децата со посебни образовни потреби, отворени училници во дворовите на основните училишта во Тафталиџе, Карпош 3, Козле, каде децата ќе учат биологија, ликовно, или физичко под ведро небо, не под неонка.
„Во 21 век, сметам дека дигитализацијата е неминовен процес, затоа ќе набавам интерактивни табли и современа опрема за секоја училница. Но нема да дозвола технологијата да го замени наставникот, таа ќе му биде партнер не конкуренција. Ќе воведам програма едукација плус, преку која секое дете од трето до деветто одделение ќе има можност за бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање или странски јазици. Директно во своето училиште во наставниот дел. Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат. Ќе воспоставам и Совет на родители, каде секоја мајка и секој татко ќе може директно да предложи подобрување, без формални процедури, без чекање, ако некоја училница прокиснува, ако некој премин е небезбеден, јас сакам тоа веднаш да го слушнам и веднаш да реагирам“, рече тој.