Забава
Почина Гери Курц, продуцентот на „Војна на ѕвездите“

Продуцентот на првите два филма од серијалот „Војна на ѕвездите“, Гери Курц, почина во Лондон на 78 години, објави неговото семејство во понеделникот.
„Целото семејство на ‘Војна на ѕвездите’ е погодено од смртта на Гери“, вели режисерот Џорџ Лукас во соопштението.
Соработувајќи со Лукас, Гери Курц стана познат. Нивниот прв успех беше „Американски графити“ од 1973 година.
Потоа тие станаа познати со „Војна на ѕвездите“ од 1977 година и продолжија со „Империјата го возвраќа ударот“ (1980).
Тие се разделија поради третиот дел – „Враќањето на Џедаја“ бидејќи Гери Курц го сметал за премногу комерцијализиран.
Сепак, Курц ја продолжил својата успешна продуцентска кариера.
I've lost a lifelong friend. The world has lost a kind, wise, multi-talented artist & filmmaker whose contributions to cinema cannot be overstated. It was an honor to have worked with him & I know I am better man just for having known him.#RIPGaryKurtz pic.twitter.com/1tNRAgCGbq
— Mark Hamill (@HamillHimself) September 24, 2018
„Изгубив пријател… Ми беше чест да работам со него“, напиша на „Твитер“ актерот Марк Хамил, познат како Лук Скајвокер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Есента пристигна, време е да се зајакне имунитетот

Со доаѓањето на есента, деновите стануваат пократки, температурите се намалуваат, а времето сè почесто е променливо. Овие услови носат поголем ризик од настинки и вирусни инфекции, па затоа потребно е навремено да се зајакне имунитетот.
Лекарите потсетуваат дека здравиот имунолошки систем е клучен за справување со сезонските предизвици. Тие советуваат редовна и разновидна исхрана богата со свежо овошје и зеленчук, кои се извор на витамини и антиоксиданси. Особено се препорачуваат намирници богати со витамин Ц, како цитрусното овошје, кивито и пиперките.
Физичката активност, дури и во поладните денови, исто така е од големо значење. Брзото пешачење, лесното трчање или вежбањето дома можат да помогнат во одржување на енергијата и подобрување на општата состојба на организмот.
Стручњаците дополнително советуваат доволно сон и намалување на стресот, бидејќи тие се меѓу најчестите фактори кои го ослабуваат имунитетот.
Есента може да биде убава и пријатна, доколку се грижиме за нашето здравје и превентивно го зајакнеме организмот за студените денови кои следуваат.
-
Вклучете повеќе овошје и зеленчук – јаболка, круши, киви, цитрусно овошје, моркови и тиква. Овие намирници се богати со витамини Ц и А, кои го зајакнуваат организмот.
-
Консумирајте намирници богати со цинк – ореви, семки од тиква, интегрални житарки и мешунки, бидејќи цинкот игра важна улога во одбраната од инфекции.
-
Додајте пробиотска храна – јогурт, кефир и кисела зелка, кои ја поддржуваат здравата цревна флора и го јакнат имунитетот.
-
Не заборавајте на топли супи и чорби, особено оние со зеленчук и домашна пилешка супа, кои се вистинска „вакцина“ од природата во студените денови.
-
Вклучете мед и ѓумбир во секојдневната исхрана, познати по своите антибактериски и антиинфламаторни својства.
Топли чаеви за есенски денови
-
Чај од ѓумбир и лимон – ја подобрува циркулацијата и ја зајакнува одбранбената моќ на телото.
-
Чај од шипка – богат со витамин Ц, помага против замор и настинки.
-
Чај од камилица – го смирува телото, го намалува стресот и помага за подобар сон.
-
Чај од мајчина душица и нане – корисен за дишните патишта и во борба со кашлица.
-
Зелен чај – природен антиоксиданс, кој го зајакнува
Забава
(Фото) Сексапилната актерка повторно воодушеви во проѕирен фустан

Холивудската актерка Дакота Џонсон се појави на Филмскиот фестивал во Цирих и воодушеви со уште еден проѕирен фустан.
Секое појавување на оваа убавица привлекува внимание, а се чини дека наскоро ќе стане синоним за чипкани, проѕирни комбинации, со оглед на тоа што успеа да ги воодушеви сите со уште еден.
Таа прошета во Цирих во син фустан чиј горен дел е направен од чипка и е проѕирен, додека долниот дел е малку поширок, направен од тил и доста волуменозен.
Како и обично, фокусот беше на природната убавина, па Дакота ниту овој пат не претеруваше со вечерната шминка, а косата ја остави да паѓа во бранови.
На својот стајлинг додаде обетки и два импресивни прстени, а сите собрани ги разоружа со насмевка.
Во текот на вечерта, таа беше наградена и со наградата „Златно око“ за животно дело, па нејзината кариера е побогата за ова значајно признание.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Селена Гомез се мажи овој викенд: објави снимка на социјалните мрежи

Актерката, пејачка и претприемачка Селена Гомез наговести дека овој викенд се мажи за музичкиот продуцент Бени Бланко, пишува „Дејли меил“.
Имено, Селена Гомез објави видео од маса полна со производи за шминкање на официјалниот Инстаграм профил на нејзиниот бренд за убавина „Rare“.
Покрај производите за убавина, имаше и мобилен телефон, како и црни очила за сонце и сребрена чанта.
„Јас цел викенд“, кратко напиша пејачката.
Видео материјалот ја разбуди имагинацијата на многу нејзини обожаватели, а тие сега претпоставуваат дека Селена ќе го каже судбоносното „ДА“ во текот на викендот, бидејќи… Исто како и секоја невеста, таа ќе посвети доста време на разубавување и нанесување шминка за големиот ден.
Некои американски медиуми веќе објавија дека актерката ќе се мажи овој викенд.