Македонија
Ќе се склучуваат договори за размена на доктори и архитекти меѓу земјите од Западен Балкан

Почнуваат преговори за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери меѓу земјите од Западен Балкан.
Владата на денешната редовна седница го прифати предлогот на Mинистерството за образование и наука за поведување постапка за водење преговори за склучување договор за заемно признавање на професионалните квалификации за доктори по медицина, стоматолози, архитекти и градежни инженери меѓу земјите од Западен Балкан.
Целта на договорот е да се зајакне регионалната трговија на услуги, врз основа на ЦЕФТА-протоколот 6 за трговија со услуги со намалување и елиминирање на пречките за слободно движење на експерти и професионалци во регионот, но и согласно со целите и приоритетите предвидени со Стратегијата за Југоисточна Европа 2020 и повеќегодишниот план за регионална економска зона, а со цел отстранување пречки за признавање на професионалните квалификации. Договорот исто така би ја зголемил и мобилноста на професионалците, а ќе придонесе и за подобро спојување на вештините со потребите на пазарот на трудот и зголемена продуктивност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· поради уличен дефект ф 300 мм на улицата Борис Трајковки бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Борис Трајковски краците 7, 9 и 11 и дел од улицата Борис Трајковски од 09:00 часот до завршување, општина Кисела Вода;
· поради уличен дефект ф 80 мм на улицата Луј Пастер бр.3, прекинато водоснабување ќе имаат корисниците на дел од улицата Луј Пастер и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.
Македонија
Делови од Бутел, Аеродром и Чучер Сандево денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.30 часот, корисниците од улица 19, Радишани, општина Бутел;
– во периодот од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од улицата Tодор Чангов 51,53, улицата Ѓорѓи Карев, улицата Димитар Илиевски Мурато, општина Аеродром;
– во периодот од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево;
– во периодот од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица 42, Радишани, општина Бутел.
Македонија
Сообраќајот од клучката Орман до клучката Мирковци е пуштен за редовен сообраќај

Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце, извести АМСМ.
Сообраќајот на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка од 06 часот е нормализиран во двата правци.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.