Свет
Ердоган: Судбината на американскиот свештеник е во турски раце и иранскиот гас ќе продолжиме да го купуваме
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во понеделникот изрази надеж дека Турција ќе го ослободи овој месец свештеникот Ендрју Брансон. Тој во јули беше ставен во домашен притвор кога помина во затвор 21 месец и овој случај ги влоши односите меѓу Анкара и Вашингтон.
Ердоган во вторникот за време на посетата на Њујорк на годишното Генерално собрание на Обединетите нации рече дека одлуката за Брансон ќе ја донесе судот.
Ако биде осуден Брансон, може да помине до 35 години во затвор. Тој ја отфрла вината.
Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да купува ирански природен гас и покрај американските санкции против Техеран и потврди дека не е возможно да ги продолжат мировните преговори во Сирија додека е на власт претседателот Башар ал-Асад.
Исто така, турскиот претседател, кој ќе замине в четврток во официјална посета на Германија, изрази надеж дека ќе се подобрат односите со таа земја нарушени пред две години и дека ќе се зголеми трговската размена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Нека види јавноста како ме силуваат“: жената чиј сопруг организирал да биде силувана од 70 мажи побарала видеата од силувањето да бидат прикажани во јавноста
Француската судијка Роже Арата одлучи видео снимката од силувањето на Жизел Пелико да им биде прикажана на новинарите и на јавноста во судницата.
Медиумите потсетуваат дека се работи за шокантен случај на силување организиран од нејзиниот сопруг во кој учествувале повеќе од 70 мажи во текот на девет години, пренесува АП.
Пелико (71) стана симбол на борбата против сексуалното насилство во Франција и инсистираше судењето да биде јавно, спротивно на предлогот на судот. Со помош на својот правен тим, таа побара и снимките да бидат прикажани во јавноста, бидејќи сака случајот да послужи како национален пример.
– Ова е единствен случај, немаме еден доказ за силување, туку стотици. Жизел Пелико смета дека шокот што ќе следи е неопходен, за никој од обвинетите да не може да каже: „Не знаев дека е силување“, изјави адвокатот Стефан Бабоно, пишува АП.
Огромното мнозинство од обвинетите негираат вина за силување, додека некои од нив дури тврдат дека нејзиниот сопруг ги принудил на секс со Жижел, на што се согласиле бидејќи биле преплашени. Некои тврдат дека верувале дека таа се согласила на сексуален однос или дека согласноста на нејзиниот сопруг била доволна.
Тимот за застапување на жртвата вели дека видеата „говорат сами за себе“.
Судијката Арата ја смени својата претходна одлука дека снимката ќе се прикажува само во одредени случаи и зад затворени врати. Досега новинарите и јавноста мораа секој пат да ја напуштаат судницата, за време на прикажувањето на видеото.
Регион
(Видео) „Целата беше помодрена од студот“: мајка и ќерка ја опишуваат борбата за живот во поплавите во БиХ
Лејла Залихиќ, жителка на Бутуровиќ поле, е една од оние кои ги преживеаја драматичните поплави во Босна и Херцеговина. Приказната за борбата за нејзиниот и животот на нејзината ќерка Асја ја замрзнува крвта во вените, пренесува„Ал Џезира“.
Луѓето се спасуваа како што се снаоѓаа. Некој беше качен на покривот на куќата, некој на куполата на џамијата. За тоа најдобро сведочат приказните на самите локални жители, кои не можат да се споредат ниту со најстрашните сценарија на холивудските филмови кога се во прашање природните катастрофи, анализира медиумот.
Borba majke i trinaestogodišnje kćerke u Buturović Polju je herojska. Majka i 13-godišnja kćerka govore o svojoj borbi za život.. pic.twitter.com/aBpfkgZQ1H
— Al Jazeera Balkans (@AJBalkans) October 6, 2024
Според написите, Лејла Залихиќ е мајка херој која скокнала од третиот кат од својата куќа, испливала три километри во пороите и ја спасила својата 13-годишна ќерка за време на катастрофалните поплави кои го зафатија Бутуровиќ поле.
Лејла, нејзината ќерка, сопругот и свекрвата ноќта на катастрофалните поплави завршиле во поплавата, а нивната куќа била уништена.
По страшниот настан Лејла и нејзината ќерка раскажале што им се случило.
„Мене ме однесе водата. Се вртев во круг и така земав во воздух“, се присетува Лејла.
„Слушнав како некој вика, викаше за помош и го викаше моето име. Мислев – нема кој друг да биде, освен мајка ми или баба ми“, раскажува ќерката на Лејла, Асја, а Лејла додава:
„Јас велам: „Асја, ти си тоа? Таа вели: „Јас сум“. Потоа добив сила, се нурнав меѓу дрвјата. Ме удри во глава, но некако стигнав до неа, цела беше помодрена од студот“.
Ќерката на Лејла Асја се присетува како успеала да остане на површината.
„Ставив малку дрва под мене за да не морам да пливам, туку да се одржувам на површината на водата. Во меѓувреме се раздени, па можев да глЕДАМ. Потоа поминавме низ шумата. Дождот удри уште посилно, беше студено, па беше страшно“, опишува таа.
Свет
Орбан: Ќе им ги однесеме мигрантите во Брисел и ќе им ги оставиме пред канцелариите на ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе ги однесе мигрантите во Брисел и ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ.
Ќе ги однесеме мигрантите од Будимпешта во Брисел и ќе им ги оставиме пред канцелариите во Брисел.
Неговите зборови беа придружени со громогласен аплауз од членовите на таа партија, со извици „Орбан, Орбан, Орбан“, пренесе АНСА.
„Не верувајте дека тоа е невозможно, ние сме жив пример“, додаде Орбан, потсетувајќи дека „во Унгарија бројот на мигранти е нула“, бидејќи, како што наведе, неговата земја „не ја предава својата држава на други”.
Според него, унгарските власти не дозволуваат влез на илегални мигранти во земјата.
„Ќе ги браниме границите. Оние кои сакаат да влезат мора да чекаат дозвола и тоа мора да го сторат надвор од нашите граници“, рече Орбан, пренесува Танјуг.
Кога станува збор за социјалната политика, „во Унгарија – таткото е маж, а мајката е жена, а тоа ќе остане така дури и ако меѓународната левица е против тоа“, нагласи тој.
„Денес Унгарија е најбезбедната земја во Европа“, заклучи Орбан.