Забава
Над 40.000 илјади апликации за работа од соништата – сите сакаат да чуваат мачки на грчки остров
Речиси 40.000 луѓе аплицираа да управуваат со засолниште за мачки на грчки остров. Станува збор за работа од соништата за многумина кога засолништето God’s Little People Cat Rescue на Сирос, грчки остров во близина на Миконос, неодамна побара човек кој дневно ќе ги храни мачките, ќе им дава лекарства и ќе ги негува со љубов.

Исто така, потребно е вработениот да знае да вози во случај мачките да треба да се носат на ветеринар. Работата е совршена за некој што е вљубеник во животните, природата и мирното темпо на живеење. Како замена за вашата грижа за мачките, ќе добивате бесплатен престој во мала куќа со градина, намирени сметки за струја и вода и мала плата. Работата е долгорочна и треба да потпишете договор на најмалку 6 месеци и да почнете од октомври.
Идејата за вакво засолниште се појавила во 2010 година кога една мачка се омачила во градината на Џоан и Ричард Боул на грчкиот остров Сирос. Имало две мачиња, од кои едното било болно.

Тие ги зеле и им дале имиња. Триото им се придружило на две мачки што двојката ги донела во Сирос кога се преселиле од Данска, родната земја на Џоан.
Тие продолжиле да пронаоѓаат мачки со повреди и болести и мали мачиња.

„Луѓето мислат дека животните се како предмети што ги земате и оставате. Ние така не размислуваме“, вели Ричард Боул (66), писател и филозоф, кој потекнува од Лондон. „Значи, моравме во одреден момент да се посветиме дека никогаш нема да ги напуштиме или да ги оставиме во пополоша состојба отколку што ги чувавме“.
На 5 август тие на „Фејсбук“ објавија оглас за скромно платена работа за управување со засолништето за мачки. Очекувале 50-ина аплиакции, но за шест недели добиле 40.000.
Секој ден Џоан Боул добива од 1.000 до 1.600 пораки. Апликации пристигнале од луѓе од 90 земји во светот. Некои од нив биле писма од бегалци што сакале да заработат некој денар за прехрана на семејствата, но имало и пораки од жени што сакале од избегаат од семејниот пекол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Страст, храброст и нови почетоци: Четири хороскопски знаци ќе доживеат голема среќа во љубовта
Доаѓа Полна Месечина во знакот Лав, која носи силна космичка енергија и интензивни љубовни случувања. Според астрологинката Лиса Стардаст, овој период буди храброст, страст и желба, а емоционалните врски стануваат подиректни и полесни.
Најголеми промени на љубовен план ќе почувствуваат четири хороскопски знаци:
Лав – Полна Месечина е во вашиот знак и ви носи зголемена популарност. Слушајте ја интуицијата и бирајте само искрени и здрави односи.
Водолија – Време е да ги спуштите ѕидовите. Ако некој ви се допаѓа, направете чекор напред и бидете искрени.
Вага – Љубовната среќа ви е наклонета. Поканете ја симпатијата на средба и оттурнете ги луѓето кои не ве инспирираат.
Шкорпија – Во центарот на вниманието сте. Прифатете ја наклонетоста и обидете се вистински да ја запознаете личноста спроти вас.
Забава
Бед Бани го откри вистинското значење на бројот 64 на неговиот дрес на Супербоул
Бед Бани не само што го стави Порторико во центарот на вниманието на најголемата можна сцена, туку донесе и дел од неговата семејна историја на Супербоул. Кога излезе на теренот на стадионот Левис, обожавателите веднаш забележаа детаљ на неговиот дрес: бројот 64.
Корисниците на Интернет, како што се очекуваше, почна да нагаѓаат: некои тврдеа дека бројот е почит кон неговата мајка, други го поврзаа со албумот „El Último Tour del Mundo“. Но, објаснувањето е многу по лично.
Претставници на 31-годишниот порторикански музичар испратија соопштение до USA TODAY, откривајќи дека бројот 64 е во чест на неговиот чичко Кутито, брат на неговата мајка, кој е роден во 1964 година. Бед Бани, исто така, рече дека научил „она малку“ што го знае за НФЛ од својот чичко, бидејќи ги гледале натпреварите заедно со години.
Чичко му бил голем обожавател на Сан Франциско 49, а починал пред две години, кратко откако 49ерс го загубија Супербоулот во 2024 година. Бед Бани вели дека отсекогаш сонувал да го однесе на Супербоул, но никогаш не успеал да го направи тоа, па затоа сега го однел на свој начин, преку неговиот дрес: неговото презиме Окасио и неговата година на раѓање, 64.
„1964 е годината кога е роден мојот чичко Кутито, братот на мајка ми. Она малку што го знам за НФЛ, го знам благодарение на него. Кога бев дете, ги гледав натпреварите со него бидејќи тој нè посетуваше кон крајот на јануари или почетокот на февруари, точно на средина од плејофот. Тој беше луд по 49ерс. Почина пред две години, кратко по Супербоулот во 2024 година. Отсекогаш сонував да го однесам на Супербоул, но никогаш не успеав. Па затоа решив да го направам овој настап негов: ОКАСИО, неговото презиме и 64, неговата година на раѓање. Сигурен сум дека гледал и бил горд.“
фото/епа
Забава
Едноставен појадок полн со витамини
Начинот на кој го започнуваме денот има големо влијание врз нашата енергија и концентрација. Еден од наједноставните чекори за подобро утро е да ги земате вашите витамини во првите неколку часа од денот.
Ова вкусно смути е совршено кога немате многу време и сакате брз, здрав и хранлив појадок или ужина.
Состојки
1 црвено јаболко
1 банана
половина чаша јогурт
половина чаша млеко,
20 бадеми
четвртина лажичка цимет
1-2 коцки мраз.
Подготовка
Ставете ги млекото и јогуртот во блендер, додадете го овошјето исечено на парчиња, цели или мелени бадеми и цимет и блендирајте сè заедно околу триесет секунди додека не добиете густа смеса.
Наместо мраз, можете да користите замрзната банана.
фото/Depositphotos

