Забава
Поради генијалната шега во „Мекдоналд“, добија 50.000 долари

Двајца американски студенти ја закачиле својата слика на ѕидот во „Мекдоналд“, а причината за тоа е всушност сосем разбирлива.
На Јевху Маравили, 21-годишен студент со азиско потекло, му пречело што нема азиски модели на сликите во ресторанот, па затоа се обидел да направи нешто во врска со тоа.
Тој и неговиот пријател Кристијан Толедо се фотографирале како го јадат препознатливиот помфрит на „Мекдоналд“ и направиле постер од фотографијата. Во продавница за облека од втора рака пронашле униформа и отпечатиле лажна лична карта. Постерот го донеле во ресторанот и го ставиле на ѕидот.
Никој не го забележал постерот речиси два месеца, а посерот на Јевху стана толку голем хит што момците на крајот беа поканети во шоуто на Елен Деџенерис, каде што добија чек од 25.000 долари од „Мекдоналд“, а исто така беа вклучени во нивната нова маркетинг-кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Локалните жители револтирани: Свадбата на Џеф Безос е симбол на се’ што не е во ред во Венеција

Раскошната венчавка на Џеф Безос и Лорен Санчез, закажана за 24 јуни во Венеција, предизвика незадоволство кај локалното население. Активистката Марта Соторива предупредува дека ваквите настани дополнително го загрозуваат секојдневниот живот на граѓаните и идентитетот на градот.
Соторива го гледа овој настан како уште еден пример за претворање на Венеција во „игралиште за богатите“, каде интересите на локалното население се целосно игнорирани.
Заедно со десетици други граѓански активисти, таа подготвува протести низ градот, дели летоци, користи мегафон на плоштадите и шири пораки преку кампањата „Нема простор за Безос“. Во рамките на акцијата, градот беше преплавен со постери со ликот на Безос на ракета – алузија на неговата вселенска компанија „Blue Origin“. Пораката беше пренесена и на фестивалите и јавните форуми.
Едно од највидливите дејствија беше поставувањето на транспарент на кој пишуваше „Не Безос“ на камбанаријата на базиликата Сан Џорџо – токму каде, според гласините, парот треба да го каже судбоносното „да“.
„Има многу гнев бидејќи градската власт уште еднаш се потчини на логиката на профит – нашиот град е продаден на најбогатиот понудувач. Секогаш кога се случува ваков настан, градот застанува, одредени делови стануваат недостапни, а уште повеќе туристи доаѓаат. Оваа венчавка е навистина симбол на се што не е во ред во Венеција”, вели Соторива.
За разлика од венчавката на Џорџ Клуни и Амал Аламудин во 2014 година, која беше дочекана со ентузијазам кај многу жители, свадбата на Џеф Безос предизвика многу поширок отпор. Градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, кој ја потврди венчавката во март, е под зголемен притисок од активистите и политичките противници.
И додека градските власти тврдат дека свадбата чија вкупна цена се проценува на околу 9,8 милиони евра ќе му донесе економски бенефит на градот, опозицискиот советник Џовани Андреа Мартини посочува дека обичните граѓани нема да почувствуваат реален профит. Тој предложи Безос, како трет најбогат човек во светот, да одвои средства за реконструкција на повеќе од 1.000 напуштени станови во градот со цел да се ублажи станбената криза.
Градоначалникот Бруњаро ги отфрли критиките, велејќи дека настанот нема да предизвика никакво нарушување и дека кампањата против Безос била „срамна“.
Соторива, сепак, тврди дека нејзиниот активизам не е ограничен само на младата двојка, иако признава дека поврзаноста на Безос со Доналд Трамп и контроверзната репутација на Амазон за нејзиниот третман кон работниците предизвикуваат дополнителна недоверба.
Забава
Три знаци од Зодијакот кои важат за најголеми егоисти

Себичноста не мора секогаш да се манифестира како гласно фалење – понекогаш се крие во мали секојдневни однесувања, како игнорирање на потребите на другите луѓе или ставање себеси на прво место без оглед на контекстот.
Некои луѓе само природно веруваат дека заслужуваат повеќе внимание, признание и простор од другите.
Таквите луѓе не мора да сакаат да ги повредат другите, но им е тешко да го видат светот од туѓа перспектива. Во се што прават самите се на прво место.
Лав
Луѓето родени во овој знак често се убедени дека заслужуваат восхит и внимание, без оглед на околностите. Иако можат да бидат дарежливи, нивната потреба да бидат во центарот на вниманието може да има исцрпувачки ефект врз оние околу нив.
Тешко ги прифаќаат критиките и не поднесуваат кога некој друг блеска повеќе од нив. Сакаат да се истакнуваат и во исто време очекуваат да бидат признаени за секоја нивна заслуга.
Лавовите не се гледаат себеси како егоисти – исто како оние кои ја знаат својата вредност и сакаат другите да ја препознаат.
Овен
Импулсивен, самоуверен и нетрпелив, Овнот често дејствува без оглед на туѓото мислење. Нивната потреба да бидат први и најдобри може да ги направи себични, дури и кога тоа не е намерно.
Тие секогаш одат напред, очекуваат другите да ги следат или да се тргнат од патот. Тешко им е да признаат кога грешат бидејќи веруваат дека нивната интуиција е најдобриот водич.
Девица
Навидум тивки и аналитички, Девиците често веруваат дека знаат најдобро – и тоа јасно го кажуваат. Нивната потреба за контрола и перфекционизам понекогаш ја преминува границата и остава впечаток дека не се грижат за туѓото мислење. Тие често ќе ги критикуваат другите додека се целосно слепи за сопствените недостатоци.
Девиците не мислат дека се егоисти, туку дека се единствените кои прават се „како што треба“. Токму ова верување во сопствената праведност често ги доведува во конфликт со околината.
Забава
Ќерката на Брус Вилис си ја отвори душата: Чувствувам длабока болка во градите затоа што сакам да те гушнам, да ти кажам што ми се случува

Румер Вилис, ќерката на холивудската легенда Брус Вилис, испрати трогателна порака до својот татко на Денот на таткото, размислувајќи за нивниот однос, семејството и тешкиот период низ кој минуваат откако му беше дијагностицирана деменција.
„Денот е тежок. Чувствувам длабока болка во градите затоа што сакам да те гушнам, да ти кажам што ми се случува, да ти поставам прашања за твојот живот, твоите приказни, борби и успеси“, напиша Румер на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Знам дека не би сакал да бидам тажна, па ќе се обидам да бидам благодарна. Благодарам што си мојот татко. Што сè уште можам да те држам за рака, да те гушнам, да ти го бакнувам образот, да гледам како твоите очи светат кога ќе ја видиш Луета. Секој момент со тебе е драгоцен. Те сакам, Среќен Ден на татковците”.
Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година, откако му беше дијагностицирана афазија, болест која влијае на говорот и когнитивните способности. Една година подоцна, семејството објави дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, форма која ги зафаќа предните и страничните делови на мозокот.
Оттогаш, Румер и остатокот од семејството отворено споделуваат фрагменти од секојдневниот живот и предизвиците со кои се соочуваат. Другата ќерка, Талула, претходно изјави дека нивните посети биле „полни со љубов“ и дека ја чувствуваат важноста да се подигне свеста за болеста.
Објавата на Румер Вилис предизвика бројни реакции и поддршка, а многумина споделија свои искуства со членовите на семејството кои живеат со деменција. Деми Мур, поранешната сопруга на Брус и мајка на неговите три ќерки (Румер, Скаут и Талула), исто така ја истакна важноста од споделување на нивната приказна: „Ако може да му помогне на друго семејство или да привлече внимание на некоја болест да се најде лек – тоа е важно“.
Во 2009 година, Брус Вилис се ожени со манекенката Ема Хеминг, со која имаше уште две ќерки – Мејбел Реј Вилис (13) и Евелин Пен Вилис (11).