Свет
Укажувачот за „Данске банк“ е поранешен шеф на балтичката гранка за трговија
Внатрешниот укажувач кој помогна за откривање на процесот на перење пари во естонската гранка на „Данске банк“ е Хауард Вилкинсон, поранешен шеф на бизнис-трговија во балтичките земји, велат од данскиот весник „Берлингске“.
Берлингске, кои целосно известуваа за скандалот, велат дека Вилкинсон, кој е Британец и бил шеф на единицата на банката за Балтикот од 2007 до 2014, ја потврдил оваа информација на порака на е-пошта.
Директорот на „Данске банк“ поднесе оставка минатата недела откако истрагата откри сомнителни 200 милијарди евра, кои биле префрлени преку естонската гранка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Индиските авиокомпании добија речиси илјада лажни предупредувања за бомби оваа година
Годинава до авиокомпаниите во Индија биле испратени речиси 1.000 лажни закани за бомби, јавува „Анадолија“.
Индискиот министер за цивилно воздухопловство Мурлидар Мохол објави дека добиле 122 лажни закани за бомби во 2023 година, а тој број се искачи на 994 во 2024 година, објави „Хиндустан Тајмс“.
Според официјалните податоци, 680 од овогодинешните извештаи биле во септември.
Изјавувајќи дека лажните закани за бомби негативно влијаат на летовите, Мохол рече дека подготвиле итен план за да го спречат овој проблем.
Свет
Украина бара воена помош од партнерите, поважно е од регрутирање нови луѓе
Украина денеска ги повика своите партнери да ја забрзаат воената помош, велејќи дека побрзата испорака на критична опрема на бојното поле е поважна од регрутирањето повеќе луѓе.
Висок функционер на американската администрација вчера изјави дека Украина не мобилизира доволно нови војници за да ги замени изгубените на бојното поле и го повика Киев да ја намали старосната граница за мобилизација од 25 на 18 години.
„Сега сме во ситуација кога ни треба повеќе опрема за вооружување на сите луѓе кои се веќе мобилизирани и мислиме дека прв приоритет е побрзо испраќање воена помош“, изјави Хеорхиј Тихи, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи.
Неговата изјава ги поддржа коментарите на советникот на украинскиот претседател Дмитро Литвин, кој ја критикуваше бавната воена помош.
„Не може да се очекува Украина да компензира за доцнење во логистиката или двоумење во поддршката со намалување на старосната граница за луѓето на првите борбени линии“, напиша Литвин на платформата „Икс“.
Силите на Киев се борат со наглото руско напредување долж раширената линија на фронтот, каде што московските трупи освојуваат село по село во обид на крајот да го заземат целиот индустријализиран регион Донбас.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи додаде дека стратегијата за мобилизација на Украина редовно се разговара со партнерите заедно со други теми, како што се одбранбената стратегија и санкциите против Русија, но негираше дека има некакви несогласувања околу тоа.
„Можам да потврдам дека на преговорите се разговара за оваа тема, но можам и да негирам дека тоа е точка на тензија или дека се разговара на критичен или негативен начин“, рече тој.
Свет
Франција не сака да каже дали ќе го уапси Путин според налогот на Меѓународниот суд
Франција, која се најде под притисок поради својата позиција за прашањето за меѓународната потерница за израелскиот премиер, денеска одби да каже дали би била подготвена да го уапси рускиот претседател Владимир Путин врз основа на слична потерница.
Меѓународниот кривичен суд минатата недела издаде потерници за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен шеф на одбраната и воениот началник на Хамас за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Газа.
Членките на Европската унија, вклучително и Франција, се потписници на основачкиот статут на МКС, но Франција вчера изјави дека Нетанјаху има имунитет од МКС, со оглед на тоа што Израел не ги потпишал статутите на судот.
МКС, исто така, издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воени злосторства и илегална депортација на стотици деца од Украина, иако Русија не е потписник на основачкиот статут на МКС.
„Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кристоф Лемуан денеска изјави дека правната позиција на Франција е во суштина иста во однос на налозите за апсење на Путин и Нетанјаху.
„Веројатно бевме помалку прецизни кога го коментиравме случајот на Путин во споредба со сегашниот, но во секој случај нашиот став е ист“, изјави Лемоан на новинарите.
На прашањето дали тоа значи дека Франција нема да го уапси Путин доколку пристигне на француска територија, тој рече: „Кога станува збор за Владимир Путин, сите оние кои извршиле злосторства немаат имунитет. Тие мора да одговараат за своите постапки, и секогаш велевме дека ќе го применуваме меѓународното право во сите негови аспекти“.
Но, тој рече дека прашањето за имунитетот, кое е вградено во статутите на МКС, е „комплексно“ и дека државите понекогаш имаат различни ставови за тоа.