Свет
Трамп во ОН „распали“ против Иран, Русија и Кина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска во Советот за безбедност ја критикуваше зголемената агресивност на Иран, држава која САД повторно ќе ја санкционираат, а исто така ги осуди Русија во врска со Сирија и Кина во врска со претстојните избори во САД.
„Во годините по потпишувањето на договорот склучен во 2015 година за иранската нуклеарна програма, агресијата на Иран само се зголеми“, рече американскиот претседател, кој се повлече од таа спогодба.
Тој вети дека санкциите на САД ќе бидат во целост на сила на почетокот од ноември и дека ќе бидат придружени со нови казнени мерки, како што рече, поостри од кога било, со цел да се одговори на злонамерното однесување на Иран.
Трамп и иранскиот претседател, Хасан Рохани, вчера жестоко се судрија, менувајќи се на говорницата на годишното Генерално собрание на ОН во Њујорк.
Американскиот претседател ги повика сите земји да воведат изолација за корумпираната диктатура во Иран.
Трамп во врска со Сирија директно ја нападна Русија, сојузникот на Дамаск и, како што кажа, главната пречка за донесување голем број резолуции на ОН во врска со конфликтот кој трае веќе седум години. Оваа земја стана кланица благодарение на Иран и Русија, истакна тој.
Американскиот претседател го обвини и официјален Пекинг дека се обидува да ги спречи републиканците да ги освојат следните парламентарни избори во САД.
„Кина се обидува да се меша во изборите во ноември, и тоа против мојата администрација“, рече тој.
Кинеските власти, пак, веднаш ги отфрлија обвиненијата на Трамп.
„Никогаш не сме и нема да се мешаме во внатрешните работи на која било земја. Ние ги одбиваме сите неоправдани обвинувања против Кина“, рече на Советот за безбедност шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На вонредна седница во Србија ќе се расправа за доверба на Владата
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Конечниот дневен ред ќе се знае утре.
Вели дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.
Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.
Свет
(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво
По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.
Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.
„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство
Свет
Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 70 луѓе
Најмалку 70 луѓе загинаа во напад врз болница во градот Ал Фашер, Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Се работи за напад врз единствената функционална болница во тој град.
Бројката од 70 смртни случаи ја објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.