Соопштенија
НСДП: Меѓународната заедница првпат има позитивен однос кон земјава
Првпат во историјата на Македонија меѓународната заедница има позитивен однос кон земјава, вели НСДП преку соопштение.
„Од 1913 година со Букурешкиот мировен договор, па преку АСНОМ од 1944 година, па сè до турбулентните години од последната деценија на 20 и почетокот на 21 век, историските раскрници на кои македонскиот народ се обидуваше својот стремеж за државност да го заживее во реалноста, меѓународната заедница честопати индиферентно ги посматраше овие политички премрежиња низ кои поминувавме. Меѓународните центри на моќ во сите клучни моменти на регионални геополитички поместувања и редефинирања на Балканскиот Полуостров ја оставаа Македонија со своите кревки сили да ги пребродува сите безбедносни, политички и економски турбуленци. Но, овој однос меѓународната заедница реши да го остави зад себе, во историјата, да отвори ново поглавје кон нас, да ни подаде рака на пријателство и сојузништво. Со постигнувањето на договорот со Грција првпат Македонија може да смета на нејзина искрена позитивна наклонетост“, се вели во соопштението на НСДП.
Партијата смета дека ни е дадена историска можност преку челенство во НАТО и ЕУ државниот интегритет да го поставиме на цврти темели, државотворниот стремеж на македонскиот народ низ вековите да се верификува, меѓународно признае и потврди. Првпат како држава, велат, добиваме сатисфакција за нашиот конструктивен однос кон нашите соседи.
„НСДП е на ставот дека ако на овој повик на меѓународната заедница не одговориме позитивно в недела и со тоа иднината на државата не ја поставиме на здрави политички и економски темели, тогаш сосема легитимно е нашите пријатели од Западот да не може да не разберат кон што сакаме да се движиме, што сакаме со себеси да направиме. Неуспехот на референдумот само ќе значи остуство на визија, негирање на постоењето на идејата кај македонскиот народ за државност и турнување на граѓаните во една неизвесна иднина. Тврдењата дека неуспехот на референдумот нема да доведe до драматични внатрешнополитичи процеси се засноваат на политички фикции и имагинации. Македонија е мултиетничко општество, колоритно во културна, етничка и јазична смила. Опстанокот на државата, која се темели на множество заедници, не може својата иднина да ја гради без уважување на нивните интереси. Сограѓаните на македонскиот народ, припадниците на другите етнички заедници, јасно и недвосмислено ги афирмираат своите желби и интереси да бидат дел од демократскиот свет, од НАТО и ЕУ. Доколку политичките структури на државата не ги артикулираат овие сигнали на етничките заедници, тогаш над нас ќе се надвисне опасност реализацијата на евро-атланските аспирации да бараат да ги афиримираат и заштита на поинакви политички начини, што може да подразбира и загрозување на интегритетот и суверенитетот на државата. Во случај на неуспех на референдумот никој не може да определи во кој правец ќе се развиваат внатрешнполитичките односи помеѓу етничките заедници“, велат од НСДП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Таткото троши – ќерката плаќа: смена на улогите во новата реклама за картичката за деца на Халкбанк
Замислете кога во одреден момент со парите би управувале децата. Тие да можат да одлучат што да се купи, а што не или колку може да се потроши за чоколади и за слатки. Тие да кажат дали овој месец ќе заштедат или ќе го потрошат целиот буџет.

Во ваква улога се најдоа познатиот македонски актер Сашко Коцев и неговата 9-годишна ќерка Јоана, на снимањето на рекламата за првата платежна картичка за деца на Халкбанк. Станува збор за иновативен производ, наменет за деца од 9 до 15 години, кој ним им овозможува да стекнат финансиски навики, додека родителите имаат целосна контрола на тоа каде и колку трошат нивните деца.
Рекламата за картичката Халки се случува во слаткарница. Таткото е возбуден и сака да нарача сè од менито, но за тоа мора да побара дозвола од ќерката. Таа, од друга страна, е смирена и рационална и не дозволува да се претера со нарачките, но и конзумирање на слатко. На крајот, ќерката ја плаќа сметката со својата Халки картичка.
„Целта на кампањата е на забавен начин, со доза хумор, да покажеме дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон финансиите доколку им се дозволи и им се покаже како да го прават тоа. Практично, идејата за креирање на првата картичка за деца и тинејџери до 15 години во Македонија е токму тоа – да им помогне да научат како да располагаат со одредена сума пари, да го планираат неделниот или месечниот џепарлак и да стекнат навики за штедење. Секако, со помош и со контрола на родителите“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.
Mastercard Junior дебитната картичка овозможува низа поволности како повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во Македонија и во странство, бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот или старателот на сметката на детето. Исто така, родителот има можност за поставување лимити на платежната сметка на детето, блокирање на картичката преку електронско банкарство во случај на губење, СМС инфо без надоместок на мобилниот број на законскиот застапник/старател и можност за дигитализирање на картичката на Google Pay или Apple Pay.
Процедурата за аплицирање за картичката за деца е едноставна и може да се направи во сите филијали на Халкбанк, а сите апликации до крајот на март годинава се ослободени од трошоци за издавање на картичката.
(ПР)
Соопштенија
ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026
Со потпишувањето на спонзорски договор со Олимписки комитет на Северна Македонија, ЕДС официјално станува дел од Олимпиското семејство како Официјален поддржувач за време на клучниот спортски циклус во 2026 година.
ЕДС ќе даде поддршка на Олимпискиот комитет во период што опфаќа неколку од најзначајните меѓународни спортски настани, меѓу кои Зимските олимписки игри Милано–Кортина 2026 и Медитеранските игри во Таранто.
Со оваа соработка, ЕДС ја потврдува својата заложба за поддршка на спортот, младите и вредностите што ги промовира олимпиското движење – фер-плеј, извонредност, посветеност и заедништво.
„Ова партнерство за нас претставува многу повеќе од спонзорство. Тоа е јасна поддршка на вредностите што ги делиме со олимпиското движење – дисциплина, истрајност и стремеж кон извонредност. Горди сме што, преку соработката со Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ќе бидеме дел од еден значаен спортски циклус и ќе придонесеме кон промоција на домашниот спорт на меѓународната сцена,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.
Спонзорството ја зацврстува позицијата на ЕДС како општествено одговорна компанија, која континуирано инвестира во иницијативи со долгорочна вредност за заедницата и придонесува кон позитивен општествен развој.
ПР
Соопштенија
Лото и Џокер на само еден клик од тебе – играј онлајн и пробај ја среќата во зимските денови
Во зимските денови, кога се поминува повеќе време дома, Државна лотарија им овозможува на граѓаните практична можност за забава и добивки. Сите љубители на игрите на среќа може да ја испробаат својата среќа преку едноставната и сигурна платформа за играње лото и џокер онлајн на официјалната веб-страница loto.mk.
Со само еден клик, секој може да го уплати своето лото-ливче брзо и сигурно, без потреба од чекање во редици. Резултатите се проверуваат на едноставен начин, а платформата е достапна секогаш и секаде, овозможувајќи им на корисниците да играат кога сакаат и каде сакаат.
Започнувањето на годината со можност за големи добивки претставува дополнителен поттик граѓаните да си ја испробаат среќата. Играњето лото онлајн не е новитет, туку веќе докажана и практична алатка што им овозможува на играчите лесно и сигурно да бидат дел од возбудата на најпознатата игра на среќа во земјата.
Државна лотарија со оваа дигитална алатка ја потврдува својата посветеност кон создавање едноставни и достапни решенија што ја збогатуваат секојдневната забава на граѓаните. Онлајн уплатата претставува уште еден начин компанијата да биде поблиску до своите играчи, овозможувајќи им удобност, сигурност и можност за големи добивки – токму во моментите кога сакаат да се забавуваат.
Игрите на среќа се наменети само за лица над 18-годишна возраст. Државна лотарија постојано потсетува дека играњето треба да биде одговорно и умерено, со јасна порака дека тие се пред сè форма на забава што може да донесе возбудливи добивки.
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, ја афирмира својата посветеност кон одговорното играње, обезбедувајќи средина што е сигурна и контролирана. Со тоа се гарантира дека игрите на среќа остануваат во рамките на целта за која се создадени – предизвик, забава и возбуда.
ПР

