Црна хроника
Во Скопје 11 сообраќајни незгоди и шестмина повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои три сообраќaјни незгоди со лесни телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица добиле телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 73 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 10 возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и еден возач затоа што бил возач почетник.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство минување пешаци, двајца поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.
Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 62 мандатни платни налога и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.