Македонија
Наставници и родители се обучуваа за педијатриска прва помош
Осумдесет учесници од основните училишта во општина Аеродром се дел од проектот „Педијатриска прва помош“, што го имплементира меѓународната невладина организација „Линк акрос“.
Примарната цел на овој пилот-проект што го изведува педијатар е да го зголеми знаењето на наставниците во основните училишта и на семејствата за обезбедување соодветна прва помош, како и подигнување на јавната свест во врска со ова прашање.
Седумдесет наставници по одделенска настава и десет родители по завршувањето на обуката и положувањето на финалниот тест, ќе стекнат сертификат од „Линк акрос“ и Универзитетската клиника за детски болести.
Проектот „Педијатриска прва помош“ ќе опфати околу 280 наставници и 40 родители на ученици од прво до петто одделение од општините Аеродром, Карпош, Гостивар и Тетово. Овој проект се темели врз претходните обуки за педијатриска прва помош на 700 вработени во детските градинки во пет града низ Македонија, како и врз претходната вклученост на „Линк акрос“ во областа на детското здравје во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Антикорупцискиот тим на СДСМ: Денеска објавуваме нова бомба
„Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нова бомба. Каков капитал влегува во земјава и со што е поврзан? Постои ли финансиско-политичка мрежа и со кои земји е преплетена? Која е позадината?“, велат од СДСМ
„Дали затоа оваа влада на Мицкоски ја држи Македонија надвор од ЕУ – изолирана и претворена во црна точка во Европа?“, се вели во најавата на СДСМ од каде додаваат дека прес-конференцијата е закажана за 10:30 часот, во седиштето на партијата, на која ќе се обрати Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.
Македонија
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата: „Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“
СДСМ повикува на потпишување на Резолуцијата, „ВМРО-ДПМНЕ да го потпише договорот со народот и заедно да ја поднесеме во македонското Собрание“.
„Зошто со денови не одговараат дали ќе ја потпишат? Содржината е објавена и јавно достапна, сега повеќе немаат изговори дека не ја виделе или не ја прочитале.
Ајде, заедно да го потпишеме договорот со народот.
Само така може да бидеме сигурни дека нема да има мигранти за пари во Македонија“, велат од СДСМ.
Македонија
Спасовски 3 месеци го кочел затворањето на станицата за технички преглед во Сарај и овозможил незаконски профит од 90 000 евра, ЈО да реагира, бара ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија.
Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?
Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?
Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?
Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.
СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

