Македонија
Царовска во Њујорк: Македонија создава силни институции што им служат на граѓаните
„Македонија е земја што го почитува принципот на отворено владино партнерство, што директно значи создавање силни институции во дијалог со граѓанското општество кои им служат на граѓаните. Градењето правда на сите нивоа во државата значи и создавање демократски капацитет кој е неопходен за сите општетсва во развој“, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во обраќањето на настанот „Време е за акција -Правда за сите 2030“, што се одржува во Њујорк во организација на Фондацијата „Отворено општество“.
Царовска истакна дека правдата во општествата не е само во судскиот и во правниот систем, туку и во ресорите важни за секојдневното живеење. Македонија работи на намалување на сиромаштијата преку социјалната реформа што дирекно ќе влијае на зголемувањето на правдата, но истовремено се работи на едукација на граѓаните за нивните права.
„Важно е да обезбедиме правда во образованието, здравството, социјалната заштита. Токму за таа цел МТСП ги институционализра системите за правна поддршка и за зајакнување на граѓаните што се на работ на нашето општество со цел тие да имаат подобро знаење и разбирање за нивните права, но и да може институциите да им ги обезбедуваат тие права“, рече министерката Царовска во своето обраќање.
На настанот говореа основачот на Фондацијата „Отворено општество“, Џорџ Сорос, претседателот на Република Сиера Леоне, Џулиус Маада Био, Кристалина Георгиева, извршнa директоркa на Светската банка, и Мери Робинсон, поранешна претседателка на Ирска и висока претсавничка за човекови права на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.
Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, со околу 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со 2 проценти.
Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.
Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало краток прекин, кој бил веднаш отстранет. Во вториот круг се гласа во 32 општини и Градот Скопје, на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Некаде околу 23 часот, се очекува да бидат познати сите резултати од гласањето на изборите во вториот круг.
Македонија
„Фероинвест“ донираше медицински мебел произведен во „Брако“ на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија
Компанијата ФЕРОИНВЕСТ реализираше донација на медицински мебел и опрема произведени во фабриката БРАКО од Велес, наменета за Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје.
Донацијата е реализирана по официјално барање на Клиниката, која се обрати со молба за поддршка при обнова на медицинскиот мебел и асортимантот во неколку оддели, со цел подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал и квалитетот на здравствените услуги.
Во рамки на донацијата, ФЕРОИНВЕСТ донираше медицински ормари, отомани, паравани, скали, колички и статични држачи за инфузија, сите дизајнирани и произведени во БРАКО, фабрика која е долгогодишен партнер на здравствените установи во земјата и регионот.
Со оваа донација, одделот на д-р Игор Џиковски при Клиниката доби современо уредени простории, целосно подготвени за започнување со работа и интеграција на новата медицинска опрема.
Со новата опрема, обезбедени се модерни, функционални и безбедни услови за работа, што ќе придонесе за поефикасно лекување и подобра грижа за пациентите.
ПР
Македонија
(Видео) МВР: Десет пријави за прекршување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари
За време на предизборниот молк регистрирани се 10 пријави за негово нарушување од кои по три на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола. По преземени мерки не се потврдени пријавите за шест настани, соопшти МВР.
„Покрај ова, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови. Во врска со гласањето, на 01.11.2025 регистриран е настан за фотографирање кочан со гласачките ливчиња во основното училиште „26 Јули” во општина Шуто Оризари, при што приведено е едно лице и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица и затвореници помина без нарушување на гласањето.

