Соопштенија
(Видео) Јанушев: За разлика од Заев, македонскиот народ знае дека достоинството нема цена

В недела македонскиот народ е соочен со историска одлука. Или ќе се самоизбрише и самоукине или ќе продолжи да се бори за сè она за кое се бореа генерации пред нас, рече во своето обраќање генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
„В недела се соочуваме со избор помеѓу капитулацијата на Заев и чување на сопствениот образ, честа и достоинството. В недела се одлучува меѓу покривањето и амнестирањето на криминалите и неспособноста на власта, од една страна, и љубовта кон Македонија од друга“, нагласи Јанушев.
Тој ги повика граѓаните да не се заплашуваат од закани или залажуваат со каква било награда.
„Што и да ви каже Заев или неговите соработници, достоинството нема цена“, изјави генералниот секретар на опозициската партија.
„Зоран Заев повика на изборна корупција. Според него, вашата чест и достоинство вредат 100 евра. Толку треба да се исплати според него за еден глас за поддршка на неговата капитулација“, наведе Јанушев.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека власта се плаши од честа, достоинството и мудроста на македонскиот народ.
„Знаат дека Македонецот не се откажува од Македонија за 100 евра. Не размислуваат сите како Заев. Ниту илинденците ниту борците од НОБ така не размислувале. Не размислуваат така ни младите генерации што се чувствуваат рамноправни со своите врсници од Европа. Лага е дека и ЕУ и НАТО ќе кренат раце од Македонија доколку не помине капитулантскиот договор на Заев. Македонија била и ќе остане партнер и на НАТО и на ЕУ. Тоа сме го докажале и ќе продолжиме да го докажуваме. И токму со одлуката да си го сочуваме националното достоинство, ќе продолжиме да одиме по патот за полноправно членство кон ЕУ и НАТО“, истакна Јанушев.
Тој наведе дека референдумот ќе биде успешен само доколку излезат најмалку половина од вкупниот број гласачи.
„В недела бидете спокојни и во мир размислете дали ви се поважни Заев и Вице и Анѓушев и другите членови на криминалниот картел или принципите на вашите дедовци и прадедовци. Одлучете како што мислите и чувствувате. Некои работи како образот и достоинството не се на продажба. Честа еднаш се губи. Срамот останува вечно“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Адеми: ВРЕДИ бара гласови за Мицкоски и ВМРО во Љуботен

Она што денес се случува на албанската политичка сцена е без преседан во историјата на плурализмот: коалиција што се нарекува „албанска“ води кампања за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ — и тоа го прави со гордост, со сервилност и со јавно понижување, тврди потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми.
„ВРЕДИ не се бори за гласот на Албанците, ВРЕДИ се бори за својот политички опстанок преку поддршката на својот политички патрон. Во Бутел, во Скопје, каде што Албанците за првпат се обединети околу еден кандидат, д-р Исамедин Азизи, и каде што историјата може да се промени со првата победа на Албанците во оваа општина – ВРЕДИ ја избра другата страна, страната на ВМРО. Нивните лидери денес шетаат низ Љуботен со Христијан Мицкоски и неговиот кандидат Дарко Костовски – човек кој јавно е поддржан од Јохан Тарчуловски, добро познат по своите дела во ова село. Иронијата е уште поголема: оние што некогаш пролееја „крокодилски солзи“ за мачениците од Љуботен, денес бараат албански гласови за кумовите на Тарчуловски. Постои ли поголемо политичко и морално понижување од ова? Ве прашуваме јавно: до каде може да одите? До кое ниво можете да се понижите – само за едно столче без власт?Ако во Гостивар кандидатот на ВРЕДИ отиде на митингот на ВМРО за да моли за нивна поддршка, во Бутел оди целото нивно раководство за да се поклони за еден глас за ВМРО“, рече Адеми.
Според него, ова веќе не е ниту соработка, ниту поддршка туку е политички вазалитет, целосна покорност кон патронот кој им го дава „електоралниот кислород“ за опстанок.
„Тие веќе немаат албански глас, немаат поддршка ниту почит. Наместо да бараат поддршка од Албанците, тие молат за милост од својот македонски патрон.
Затоа ВРЕДИ ја бара својата „спасувачка гума“ кај Мицкоски. Во Љуботен тие не бараат глас за Албанците – туку глас за својот патрон и неговиот кандидат, Дарко. Ова е најјасниот доказ дека ВРЕДИ веќе не претставува ниту еден албански интерес – ниту политички, ниту национален, ниту морален. Во време кога Албанците во Бутел се обединети за историска победа, ВРЕДИ се обидува да го поткопа тоа единство за да му служи на својот патрон, во трката меѓу Дарко и Исамедин. Но, ни гласовите на ВМРО нема да ги спасат – албанскиот народ ќе им одговори онака како што заслужуваат на 19 октомври, со глас, со достоинство и со единство“, вели Адеми.
Соопштенија
Лукровски: Ќе изградиме нова детска градинка и ќе ги реконструираме постоечките во Карпош

Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, во својата изборна кампања има предвидено нова детска градинка и реконструкција на постоечките во Карпош.
„Досегашното мое работење кажува дека секој еден може да гради улици, да поставува плочки, и ивичњаци но јас верувам дека вистинска силна општина не се гради од бетон туку од луѓе. Образованието и грижата за децата за мене не се трошок, тие се највисока форма на инвестиција, затоа јас ќе направам се што е потребно, ниедно дете во Карпош да не остане на листа на чекање за градинка, и ниедно училиште да не изгледа како да е заборавено од времето. Да биде прописно загреано во зимските денови, и климатизирано во летните месеци. Со поставување на фотоволтаици на крововите, од училиштата и градинките, на тој начин ќе ја искорениме зависноста од мазут набавена од било кој и да е петрол. А преку тоа и загадувањето во Карпош. Ќе ја изградам новата централна градинка во Карпош, со капацитет од најмалку 200 деца, со современи енергетски стандарди, отворени училници и двор кој ќе биде простор за игра и учење, преку природа по светски стандарди. Паралелно ќе започнам целосна реконструкција на сите постоечки градинки, не површно туку темелно, ќе ги заменам старите изабени креветчиња и плакари со нов безбеден мебел, ќе ги подобрам осветлувањето, подовите и тоалетите. Затоа што детската сигурност, не смее да зависи од буџетот“, рече Лукровски.
Вели дека ќе воспостави и сензорни зони за децата со посебни образовни потреби, отворени училници во дворовите на основните училишта во Тафталиџе, Карпош 3, Козле, каде децата ќе учат биологија, ликовно, или физичко под ведро небо, не под неонка.
„Во 21 век, сметам дека дигитализацијата е неминовен процес, затоа ќе набавам интерактивни табли и современа опрема за секоја училница. Но нема да дозвола технологијата да го замени наставникот, таа ќе му биде партнер не конкуренција. Ќе воведам програма едукација плус, преку која секое дете од трето до деветто одделение ќе има можност за бесплатни курсеви по роботика, музика, програмирање или странски јазици. Директно во своето училиште во наставниот дел. Сакам децата да остануваат во училиштата затоа што сакаат, не затоа што мораат. Ќе воспоставам и Совет на родители, каде секоја мајка и секој татко ќе може директно да предложи подобрување, без формални процедури, без чекање, ако некоја училница прокиснува, ако некој премин е небезбеден, јас сакам тоа веднаш да го слушнам и веднаш да реагирам“, рече тој.
Соопштенија
Османи: Преку европски фондови обезбедуваме историски буџет за реконструкција на фасадите во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција најави проект за целосна санација и уредување на фасадите на сите згради во стариот дел на општината.
„Ќе започнеме сериозен проект од првиот ден за уредување на фасадите на сите згради во стариот Чаир. Ова не е само прашање на естетика, туку и прашање на енергетска ефикасност. Нова фасада значи и нова термоизолација, што ќе ги намали трошоците за греење во зима, а во лето ќе го заштити животниот простор“, истакна Османи
Тој ги претстави и деталите за тоа како ќе се финансираат овие проекти, нагласувајќи дека со добро планирање тие можат да се финансираат главно со европски средства. Османи истакна дека како поранешен национален координатор за европски фондови, добро ги познава работите во оваа сфера и веќе има формирано професионален тим што ќе работи на подготовка на проекти.
„Врз основа на сите анализи што ги направивме, ова се проекти кои Европската Унија ги поддржува финансиски, пред сè поради енергетската ефикасност и заштитата на животната средина. До 85% од трошоците за вакви проекти можат да се обезбедат преку европски фондови, а останатите 15% ќе ги покрие општината“, рече Османи и додаде дека од милијардите евра што и биле достапни на Северна Македонија, Општина Чаир во изминатите 20 години искористила нула евра, затоа што не подготвувала проекти и немала стручни луѓе кои знаат да работат на такви проекти.
Османи појасни дека за вакви интервенции до сега, проектите предвидувале граѓаните да ги покријат две третини од трошоците, а општината само мал дел.
„Но, луѓето немаат можност да ги поднесат тие трошоци за заедничките фасади, за лифтовите и за внатрешното уредување. Затоа, мојата додадена вредност како иден градоначалник на Чаир е што добро ги познавам европските фондови, добро го познавам Брисел и ги познавам луѓето кои одлучуваат за нив. И проектите како фасадите, новите лифтови, уредувањето на овој дел од Чаир ќе бидат апсолутен приоритет, и со целиот мој капацитет ќе почнат уште од првиот ден“, потенцираше Османи.
Реновирањето на фасадите и зачувувањето на стариот дел од Чаир ќе биде приоритет, истакна Османи и уште еднаш повтори дека овој дел ќе биде целосно заштитен и нема да бидат дозволени повеќе дивоградби.