Свет
Кон расистичките Швеѓани во Малме се организира мигрантски отпор
Група жители на Малме со мигрантско потекло формираа група на отпор за борба против секојдневниот расизам како реакција на успехот на антимигрантската партија Шведски демократи на парламентарните избори.
„Добредојдовте во отпорот“ тврди дека е движење организирано од неколку луѓе, меѓу кои и локалната жителка Миријам Негаш, која вели дека целта на отпорот е да ги поддржи жителите со мигрантско потекло, мигрантите и барателите на азил кои се жртви на расизам, пренесува „Сидсвенскан“.
На нивниот прв состанок во неделата стотици присуствуваа на протестот на еден плоштад во Молеванген, област населена со мигранти, извикувајќи слогани како: „Цело Малме мрази расисти“ и „Градот, земјата, сè е наше“. На протестот имало неколку пароли и на арапски јазик заедно со шведскиот. Поради масовната миграција, арапскиот стана еден од најпопуларните јазици во шведските јазични училишта, а часовите по арапски јазик се барани повеќе од оние по француски и англиски јазик. Негаш додаде дека движењето не е формално поврзано за постојните групи или политички партии и рече:
„Нè има многу во Малме, повеќе од 30 отсто. Не треба да се плашиме да одиме по улиците“.
Новото движење се појавува само неколку месеци кога палестинскиот мигрант Хусам Алкоблави формира политичка партија предводена од мигранти во Малме.
„Во Шведска сум веќе 30 години и оттогаш ги следам настаните во шведското општество. Ги гледам сите разлики што се појавија и забележувам дека неодамна јазот меѓу странските и шведските граѓани се зголеми“, рече Алкоблави.
Мигрантското население во многу шведски градови продолжува да се зголемува бидејќи масовната миграција е главен фактор во растечката популација на Шведска во целина. Во некои области во земјата жителите на мигрантските населби сега се мнозинство, како во општината Седертелје, во која неодамна имаше проблеми со поединци што краделе или ги уништувале знамињата на ЛГБТ подигнати од локалната власт.
Масовната миграција исто така има влијание и во шведскиот правен систем кога двајца судии поротници од муслиманско потекло ги искористија принципите на шеријатските закони во случај во кој човек обвинет за домашно насилство бил прогласен за невин бидејќи потекнува од добро семејство, а неговиот тужител не.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

