Контакт

Свет

Австриски производител на овошје во затвор за убивање пчели

Објавено пред

Производител на овошје во Австрија во средата доби затворска казна, што е многу редок случај, поради незаконско користење инсектицид што довело до смрт на десетици соседни пчелни колонии, пренесува „Локал“.

dobivaj vesti na viber

Производителот испрскал моќен инсектицид наречен „хлорпирифос“ над неговите овоштарници во областа Лавантал во Каринтија во период кога нивните цветови сè уште привлекувале пчели. Повеќе од 50 колонии што припаѓале на двјца пчелари во соседството пцовисале.

Судот во Клагенфурт го прогласил овоштарот за виновен за намерно оштетување на животната средина укажувајќи на неговото искуство и улога во обучувањето на другите во својата област како доказ дека ги знае последиците од неговите постапки. Тој беше осуден на една година затвор, од кои четири месеци ќе биде можност за условна слобода. Тој мора да плати и повеќе од 20.000 евра надомест надомест, одлука што тој рече дека ќе ја обжали.

Судот соопшти дека се надева оти казната ќе ги потсети другите дека употребата на пестициди мора да биде во рамнотежа меѓу животната средина и економијата.

Масовната употреба на пестициди е причина за нагло зголемување на бројот на пцовисани пчелни семејства и други инсекти што опрашуваат. Во април ЕУ гласаше за забрана на одредени пестициди од групата неоникотиноиди, кои се обвинети за уништување на пчелните колонии.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Силна експлозија во фабрика во Шпанија: има загинати и повредени

Објавено пред

Три лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика во близина на крајбрежниот град Аликанте во југоисточна Шпанија, соопштија спасувачките служби.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил во индустриска зона, на околу четириесет километри од центарот на Аликанте, во фабрика која произведува полистирен.

„Три лица загинаа, а седум се повредени“ во експлозија во фабрика“, објави попладнево на мрежата X на спасувачката служба на регионот Валенсија, каде што се наоѓа Аликанте.

Директорот на итната служба на регионот на Валенсија, Алберто Мартин, за јавната телевизија ТВЕ изјави дека котелот експлодирал во фабриката, и дека три лица загинале, а три се тешко повредени.

Според пожарникарите, по уривањето на делот од експлозијата од индустрискиот објект паднал покривот и се срушила околу половина од површината на објектот.

Премиерот Педро Санчез им ја пренесе целосната поддршка од шпанската влада на жртвите во несреќата, како и на пожарникарите и спасувачите.

Прикажи повеќе...

Свет

Клучните луѓе на Трамп добиле закани за бомби

Објавено пред

Неколку кандидати за кабинетот на Доналд Трамп и луѓе во неговата администрација добиле закани за бомби, објави ФБИ.

dobivaj vesti na viber

„Сите потенцијални закани ги сфаќаме сериозно и ја охрабруваме јавноста да пријави се што смета дека е сомнително во полиција“, велат тие.

Заканите беа упатени во вторникот вечерта и во средата наутро, а полицијата реагираше брзо за да ја осигура безбедноста на целните, рече портпаролката на транзицискиот тим на Трамп, Каролина Ливит.

Си-Би-Ес објави дека заканата ја добил и кандидатот на Трамп, за министер за трговија, Хауард Лутник.

Републиканецот од Флорида, Мет Гаец, кој неодамна се откажа од трката за државен обвинител во САД, исто така беше цел на измама за бомба.

„Фокс њуз“ објави дека Џон Ретклиф, кандидатот на Трамп за директор на ЦИА и кандидатот за секретар за одбрана Пит Хегсет, исто така, добиле закани.

Тројца официјални лица изјавија за „NBC News“ дека заканите биле лажни.

Прикажи повеќе...

Регион

17-годишен тинејџер почина по тепачка во Лесковац: лекарите еден час се обидувале да го ожевеат

Објавено пред

17-годишнoто младo момче кое околу 14 часот беше брутално претепано пред средното хемиско училиште во Лесковац, им подлегнало на повредите во болница, потврдиле од здравствената установа, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Лекарите од итната служба се обидувале да го оживеат речиси цел час, но, според написите, момчето веќе бил донесено со возило на брза помош без знаци на живот.

„Донесен е во бесознание, со широки зеници, бледа кожа и мукозни мембрани, без пулс и немерлив притисок. Лекарите во Итната медицинска помош веднаш започнале со интензивна реанимација. За жал, смртта настапила во 15 часот и 45 минути. Причината за смртта ќе биде утврдена со обдукција“, изјавил директорот на Општата болница Лесковац.

Според неофицијални информации, како што пишуваат српските медиуми, младиот човек бил нападнат пред училиштето од двајца момци на жолт скутер кои побегнале од местото.

„Пулсот на момчето уште додека лежеше на асфалтот се губеше“, според лекарите од итната помош.

Според очевидци, пријателот на момчето бил приведен во полициска станица за да даде исказ како сведок.

Порталите во соседството пренесуваат дека момчето било ученик на Текстилното училиште и дека живеело во згрижувачко семејство. Полицијата и инспекторите се излезени на местото на настанот а по напаѓачите интензивно се трага.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ

Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство „Вечерва...

Економија10 часа

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија11 часа

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија12 часа

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија13 часа

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија13 часа

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија15 часа

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа16 часа

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет17 часа

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет17 часа

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет17 часа

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет17 часа

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија1 ден

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија1 ден

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија1 ден

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија1 ден

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија1 ден

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија2 дена

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...