Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Економскиот тим на Заев ја носи државата во пропаст

Јавниот долг расте, a економијата е пред колапс. Економскиот тим на Зоран Заев ја носи државата во економска пропаст, се наведува во соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека македонската економија тоне, а граѓаните се сè посиромашни.
„Јавниот долг вртоглаво расте. Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,6 процентни поени во однос на претходниот квартал, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг, но раст и на внатрешниот долг“, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија во вториот квартал се зголемиле 0,3 процентни поени.
„Министерството за финансии објави проспекти за ново задолжување од 32 милиона евра за наредната недела, а само пред неполни две недели ги задолжи граѓаните со дополнителни 57 милиони евра. Милионите за задолжување се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21,33 отсто за првите 7 месеци од годината. Никој во државата не знае на што се трошат позајмените милиони за кои годишно плаќаме огромни камати“, велат од опозициската партија.
Оттаму констатираат дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобро, а како виновници за актуелната неповолна ситуација ги посочуваат СДСМ и Зоран Заев, кои, според нив, мора да заминат со цел Македонија да победи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Герасимовски: Центар е инклузивна и хумана општина, вложуваме во луѓето и нивните потреби

Градоначалникот и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски, најави дека Општина Центар и во следниот период ќе остане посветена на инклузивноста, преку проекти и програми за поддршка на ранливите категории граѓани и создавање еднакви можности за сите.
Тој кажа дека во областа на образованието, Центар е единствената општина во државата која од сопствен буџет ангажира лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби.
„Преку проектот ‘Образование за сите’ ангажираме лични асистенти во основните училишта, со што на децата им овозможуваме поддршка во учењето и подобра интеграција во наставниот процес. За оваа намена од буџетот годинава издвоивме 4. 400. 000 денари“ истакна Герасимовски.
Дополнително, додаде тој, училиштата и градинките во Центар се уредени со инклузивен пристап и сензорни соби наменети за деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развој.
Герасимовски рече дека Општината обезбедува и бесплатен транспорт до здравствените установи за сите полнолетни лица со попреченост.
„Ова е исклучително важна мерка за лицата кои не можат самостојно да се движат, но и за нивните семејства. За оваа услуга годишно издвојуваме 500.000 денари од општинскиот буџет, со цел да им го олесниме пристапот до здравствените установи за да добијат потребните услуги,“ додаде Герасимовски и потсети дека во рамки на локалната самоуправа активно функционира и Центарот за дневен престој за лица со попреченост, каде се обезбедува стручна грижа, поддршка и активности наменети за развој, едукација и социјализација.
Соопштенија
Ѓорѓиевска: Водевме кампања со визија, проекти и со дела

Носителката на советичката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска, на денешната прес конференција направи збирна оценка на изборната кампања пред првиот круг на локалните избори в недела. Во изминатите три недели, заедно со нашиот тим од Движењето ЗНАМ – прошетавме низ сите делови на општина Куманово, рече таа.
„Се сретнавме со граѓаните, разговаравме со нив ги слушавме нивните проблеми, предлози и идеи. Со задоволство можам да го споделам денеска е – дека кумановци ја прифаќаат нашата програма, се согласуваат со тоа како ние планираме да работиме во наредниот мандат. И, она што најсилно го почувствувавме е љубовта кон градот и желбата за контиуитет што носи реални резултати, а не празни ветувања“, нагласи Ѓорѓиевска.
Оваа кампања, рече таа, ја водевме чесно, транспарентно и достоинствено со проекти, со визија и со дела кои зборуваат наместо нас. „Она што го имаме сработено досега е нашиот најголем капитал е показател дека ние исполнуваме. Не ветувавме невозможни работи, туку конкретни решенија кои веќе се реализираат или се подготвени да почнат.
Со таквите проекти дефинитивно го правиме Куманово – модерен град со нови улици и булевари, нови плоштади, повеќе паркинг места, со поголеми зелени површини – паркови, дрвореди и зелени појаси, со нови сообраќајни решенија депонии, со поголема водоводна, канализациска и гасоводна инфраструктура. И, општина со нови инвестиции, ново отворени работни места и перспектива за младите. Веруваме во континуитет, стабилност и вистински развој. Куманово има потенцијал, има луѓе со идеи, со енергија и со желба да напредуваат.
Нашата цел е едноставна да го задржиме тој напредок, да ја продолжиме изградбата на современ, зелен и уреден град, каде што секој човек ќе има достоинствен живот“, потенцираше носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ за Куманово.
Ѓорѓиевска ги покани кумановци вечерва да присуствуваат на завршниот митинг на Движењето ЗНАМ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, а в недела да излезат масовно на гласачките места. „Излезете и поддржете нè затоа што зад нас стои визија, систем и тим што работи за Вас, не за лични интереси. Поддржете нè затоа што знаеме како, затоа што ве слушаме и затоа што сме дел од вас. На 19 октомври изберете стабилност, искреност и дела. Гласајте за број 2 – Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, повика Ѓорѓиевска.
Соопштенија
Новотни: Нема да има коридори за брза профитабилност во општина Центар

Носителот на листата за советници на Коалицијата за зелена иднина во Општина Центар, Антони Новотни, предупредува дека неконтролираната урбанизација го руши јавниот простор и квалитетот на живот, притоа најавувајќи долгорочен план за заштита на зелените површини и јавниот простор кој има историско значење.
„Урбаното дивеење ги уништува јавните простори и човечкиот квалитет на животот. Потребен е конкретен, долгорочен план: ревизија на урбанистичките планови и јасни критериуми што го штитат историското и зеленото наследство“, вели Новотни.
Тој нагласува дека приватниот интерес мора да се усогласи со јавниот во управувањето со општина Центар.
„Сопствениците и инвеститорите ќе бидат обврзани да придонесуваат за јавниот интерес, а дозволите ќе се даваат само по транспарентни јавни расправи,“ порачува Новотни, притоа додавајќи дека нема да има веќе коридори за брза профитабилност.
„Само плански, со одржлив развој, нашиот Центар ќе биде убаво место за живеење. Заокружи 8. Коалиција за зелена иднина“, порачува Новотни.