Контакт

Забава

Островот Хашима најпустото место во светот

Објавено пред

Иако изгледа како заборавена воена зона, всушност, е напуштен остров. Се нарекува дури и најпустото место во светот.

dobivaj vesti na viber

Тоа е островот Хашима, кој има прекар Гунканџима, односно Батлшип Исланд, бидејќи според формата личи на воен брод.

Хашима е еден од 505-те ненаселени островчиња во областа Нагасаки, оддалечено само 15 милји од самиот Нагасаки. Некогаш имало училишта, болници и паркови, а денес е претворен во куп урнатини.

Островот бил населен од 1887 до 1974 година, а имало и работници што копале јаглен за „Мицубиши“.

За време на Втората светска војна корејските цивили и кинеските затвореници биле принудени да работат на островот. Се проценува дека во исклучително тешките услови што тогаш владееле на островот, умреле 1.000 принудни работници. Храна речиси и немало, климата на островот била влажна, а оние што не можеле да работат биле сурово тепани.

Кога јагленот бил заменет со нафта, згаснала и потребата од работници што ќе го ископуваат. Островот станувал сè попуст, а рудниците биле затворени во 1974 година. Набргу островот го напуштил и последниот жител.

Со години потоа пристапот до островот бил забранет, но во 2009 година тој е отворен за посетителите што доаѓаат тука со бродови. Сепак, голем дел од островот и натаму е забранет за посетителите бидејќи зградите се во лоша состојба, па освен што некој може да се повреди, исто така и туристите може да го забрзаат пропаѓањето на објектите.

Островот е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО во 2015 година и оттогаш се водат расправи дали островот треба да биде потсетник на јапонската индустриска револуција или на страдањето на присилните работници.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Скандал на „Мис универзум“: судијaта што поднесе оставка тврди дека Мексиканката победила поради деловни врски

Објавено пред

Изборот за мис универзум 2025 е потресен од невиден скандал. Победата на Фатима Бош од Мексико беше оспорена од еден од судиите, а обвинувањата ги изнесе јавно на „Инстаграм“. Станува збор за Омар Харфуш, кој се повлече од жирито само неколку дена пред финалето.

dobivaj vesti na viber

Харфуш тврди дека победата на мексиканската претставничка била однапред договорена поради деловни интереси. Во својата објава тој изјави: „Мис Мексико е лажна победничка“. Тој тврдеше дека 24 часа пред крунисувањето во ексклузивно интервју открил дека таа ќе победи поради нејзината деловна заднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fatima Bosch (@fatimaboschfdz)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Universe (@missuniverse)

„24 часа пред финалето на ‘Мис универзум’ реков дека мис Мексико ќе победи бидејќи сопственикот на ‘Мис универзум’, Раул Роча, е во бизнис со таткото на Фатима Бош“, рече Харфуш.

Тој додаде дека сопственикот на организацијата вршел притисок врз него.

„Раул Роча и син му пред една недела во Дубаи ме натераа да гласам за Фатима Бош бидејќи им требало таа да победи затоа што тоа ќе биде добро за нивниот бизнис!“

Либанско-францускиот композитор беше првиот од осумте члена на жирито што поднесе оставка наведувајќи ги како причина тајното гласање и одбивањето да учествува во нелегитимен процес.

„Одлучив да се повлечам од мојата улога како финален судија на ‘Мис универзум 2025’ и сметам дека е важно да објаснам зошто“, напиша тој во објавата. Тој го наведе тајното гласање како прва причина. „Два дена пред финалето се одржа тајно гласање за претходна селекција на 30 натпреварувачи од 136“, објасни тој нагласувајќи дека гласовите ги дале лица што не биле официјални судии.

„До ден-денес никој не знае кои се избраните 30, освен едно лице, кое ги поседува резултатите. Истата таа личност е поврзана со националната организација на земјата учесничка, што е јасен конфликт на интереси“, рече поранешниот член на жирито.

Харфух заклучи дека не може да учествува во таков настап за јавноста.

„Не можев да стојам пред јавноста и пред телевизиските камери преправајќи се дека легитимизирам гласање во кое никогаш не сум учествувал“, рече тој и предупреди дека таков процес може да им наштети на кандидатките што се борат за важни цели.

„Некои од земјите елиминирани преку овој процес може да бидат во војна, дискриминирани или геополитички чувствителни. Гледачите би претпоставиле дека жирито ги донело тие одлуки и дека не можам да бидам одговорен за процес во кој не сум бил дел. Преправањето дека е поинаку би било нечесно“.

Организацијата „Мис универзум“ ги негира обвинувањата.
По оставката на Харфуш и сериозните обвинувања, Организацијата „Мис универзум“ (МУО) издаде соопштение во кое негира дека импровизирано жири претходно ги селектирало финалистките.

„Организацијата „Мис универзум“ повторува дека сите процедури за оценување за 74. избор на мис универзум остануваат официјални, транспарентни и целосно водени од протоколите на МУО. Програмата „Надвор од круната“ работи независно и не е дел од процесот на оценување на изборот“, се вели во нивното соопштение.

Сепак, Харфуш ја критикува нивната изјава тврдејќи дека тие речиси ги признале обвинувањата и дека никогаш порано не слушнал за споменатата програма.

„Пол Роча и организацијата ‘Мис универзум’ во официјално соопштение штотуку признаа постоење таен ентитет наречен ‘Надвор од круната’, кој елиминира 100 натпреварувачки на финалната церемонија. Јас, Омар Харфуш, член на жирито на ‘Мис универзум’, го сметам ова за нелегално“, напиша тој во одговорот.

Целата приказна ќе добие свој епилог и на малите екрани бидејќи наградуваниот режисер Пет Мекги снима документарец за наводната изборна измама. Харфуш објави дека сите детали ќе бидат прикажани во мај 2026 година на „Ејч-би-о“. Организацијата за мис универзум сè уште не ги коментира обвинувањата дека победничката е наместена.

Прикажи повеќе...

Забава

Се враќа детското диско во Скопје

Објавено пред

Во Младинскиот културен центар – Скопје, на 28 декември (недела) со почеток во 11 часот, ќе се одржи специјално издание на детската предновогодишна забава KIDS DISCO (Детско диско), наменета за деца од 2 до 12 години.

dobivaj vesti na viber

Настанот носи современа, возбудлива и безбедна детска забава, инспирирана од традицијата на популарните дискотеки за деца од 90-тите, кои токму во МКЦ имаа свој препознатлив дом.

„Идејата за KIDS DISCO се роди од желбата да се врати духот на детското диско од 90-те, што некогаш беше омилено место за забава во Младинскиот Културен Центар. Со оваа иницијатива, сакаме да создадеме модерна верзија на таа магија: сигурна, креативна и незаборавна забава за најмладите, во духот на едно убаво детство. KIDS DISCO е омаж на една традиција која заслужува да продолжи, овојпат со нов ритам и многу повеќе боја“, велат организаторите.

Настанот е креиран во соработка со педагози и детски професионалци, со цел да обезбеди квалитетна, културна и контролирана атмосфера, каде најмладите посетители ќе уживаат во забавна и динамична програма, специјално прилагодена за нивната возраст.

Програма и активности: Детски DJ со внимателно селектирана музика, маскоти и интерактивни игри, професионални акробатски настапи, аниматори, игри, танци и бројни изненадувања, цртање по лице и моделирање балони, безбедносни стандарди и контролирана атмосфера за најмладите

Организаторите истакнуваат дека целта на KIDS DISCO е да се креира модерно, забавно и едукативно искуство, кое ќе ја врати магијата на едно убаво детство, истовремено прилагодено на денешните стандарди на безбедност и креативна анимација.

Редовната цена на билет е 400 денари и истите се достапни преку продажната мрежа на www.kupikarta.com.

Прикажи повеќе...

Hitech

Ажурирајте го „Хром“ веднаш: откриена ранливост што хакерите веќе ја експлоатираат

Објавено пред

Google издаде итно предупредување до сите корисници на својот прелистувач Chrome откако беше потврдено дека веќе се во тек хакерски напади што ја експлоатираат новооткриената безбедносна ранливост.

dobivaj vesti na viber

Компанијата потврди во понеделникот: „Google е свесен дека постои експлоатација за CVE-2025-13223“. Ранливоста, откриена од сопствениот тим за анализа на закани на Google, бараше итен одговор и издавање ажурирање за сите корисници на десктоп компјутери, објавува Forbes.

Сериозноста на заканата беше дополнително нагласена од Агенцијата за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата на САД (CISA), која им наложи на федералните вработени да ги ажурираат своите прелистувачи или да престанат да ги користат. CISA го додаде CVE-2025-13223 во својот каталог на познати експлоатации во среда и постави рок до 10 декември за ажурирање.

Иако наредбата на CISA формално се однесува само на федералните вработени, агенцијата нагласува дека нејзиниот мандат е „во корист на заедницата за сајбер безбедност и бранителите на мрежата – и да им помогне на секоја организација подобро да управува со ранливостите и да биде чекор пред заканите“. Затоа, сите корисници на Chrome треба да го сфатат ова предупредување исклучително сериозно и веднаш да ги ажурираат своите прелистувачи.

Што е ранливоста „Type Confusion“?
Станува збор за пропуст наречен „Type Confusion in V8“, кој влијае на JavaScript компонентата на Chrome. Иако Google не објави детали за самите напади, овие типови на пропусти би можеле да им дозволат на напаѓачите да го дестабилизираат системот, да извршат произволен код, да крадат податоци или да инсталираат малициозен софтвер на уредот на жртвата. Ваквите пропусти може да се комбинираат и со други пропусти за да се обезбеди почетна точка за влез во уред или мрежа.

Според Националниот институт за стандарди и технологија на САД (NIST), овој пропуст „во Google Chrome пред верзијата 142.0.7444.175 би можел потенцијално да му дозволи на оддалечениот напаѓач да ја искористи штетата на меморијата (heap corruption) преку специјално изработена HTML страница“. Ранливоста е оценета како висока сериозност.

Google, како и обично, објави дека „пристапот до деталите за грешките и линковите може да остане ограничен сè додека повеќето корисници не ажурираат со поправката“.

Како да го ажурирате Chrome?
Ажурирањето треба автоматски да се преземе на вашиот компјутер, но за да го инсталирате, треба да го рестартирате прелистувачот. По рестартирањето, сите ваши вообичаени прозорци и јазичиња ќе бидат обновени, освен оние отворени во инкогнито режим.

Новата, безбедна верзија на прелистувачот е 142.0.7444.175/.176 за Windows, 142.0.7444.176 за Mac и 142.0.7444.175 за Linux. Иако Google вели дека ажурирањето доаѓа „во наредните денови/недели“, се очекува дека веднаш ќе биде достапно за повеќето корисници.

Иако ваквите „нулти-ден“ недостатоци во Chrome станаа редовна појава, Google заслужува пофалби за брзината со која развива и дистрибуира безбедносни закрпи. На сите корисници им се препорачува да го ажурираат својот прелистувач штом ќе го забележат известувањето за рестартирање.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Мицкоски од Тирана: Нашата порака денес е едноставна, но цврста – Македонија исполнува

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен...

Топ8 минути

Жена повредена на концерт во КИЦ кога од таван паднала вентилациска решетка

Жена на возраст од 46 години била повредена за време на концерт во Културно-информативниот центар во Скопје, кога врз неа...

Македонија51 минута

(Видео) Манасиевски: Со барањето за зголемување на платите еден судија би примал 160.000 денари, а претседател на суд 360.000

Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае...

Свет3 часа

Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање територии и двојно помала војска

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно побргу да го прифати мировниот план што администрацијата на...

Македонија3 часа

ЦУК: Поради обилните врнежи, зголемени водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

Македонија4 часа

Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти

Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ....

Македонија5 часа

„Албанската опозиција денес личи на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго...

Европа6 часа

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет6 часа

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон-зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет7 часа

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет7 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка; Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет7 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедското месо, какаото и на овошјето

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија20 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ23 часа

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија1 ден

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија1 ден

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија1 ден

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа1 ден

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија1 ден

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...