Контакт

Македонија

МОСТ: Отворени се сите гласачки места, засега нема регистрирани проблеми

Објавено пред

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1 500 набљудувачи. На 1 160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број гласачки места во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи и истите немаат проблеми при набљудување на процесот. Отворањето на гласачките места помина без регистрирани проблеми. Гласачкиот материјал е доставен на сите гласачки места, а уредувањето на гласачките места е на начин што ја запазува тајноста на гласањето.

,,Досега, забележано е дека на влезот во објектот во кој е сместено гласачкото место (ГМ) 0631, с. Прибилци, општина Демир Хисар, има графит со навредлива содржина.

ГМ 1767, с. Рич, општина Струмица, гласањето било прекинато во период од 50 минути затоа што УВ-ламбите не функционирале. По интервенција на ОИК гласањето продолжило во 8:30 часот.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со процесот, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080″, се наведува во соопштението.

Набљудувачката мисија на МОСТ своите наоди ги базира врз воспоставени статистички принципи, како ефикасен метод за систематско набљудување на постапката на гласање, користејќи ја методологијата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ). Оваа методологија овозможува проценка на целиот процес на денот на гласање (отворање на избирачките места, гласање, затворање на избирачките места и броење и сумирање на гласовите) на непристрасен и систематски начин. Системот составен од неколку нивоа на проверка овозможува во јавност да се споделуваат само проверени и потврдени информации од набљудувањето.

,,Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано Referendum 2018, поседува овластување од МОСТ и акредитација од ДИК исклучиво за овој референдум.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на референдумот МОСТ ќе ѝ ги соопшти на јавноста во уште три наврати, и тоа во 11:15 часот, во 17:15 часот и во 19:15 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ-програмата за одѕивот и распределбата на гласовите”, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Минчев: Во недела масовно за бројот два, за Максим Димитриевски во Куманово, за Мирослав Лабудовиќ во Центар и Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје

Објавено пред

Со повик за масовна излезеност на вториот круг од локалните избори што ќе се одржи задутре Движењето ЗНАМ – за наша Македонија ја заокружува својата изборна кампања што завршува вечерва на полноќ. Повикот го упати генералниот секретар на Движењето ЗНАМ Горан Минчев и до граѓаните и до симпатизерите и поддржувачите на ЗНАМ.

dobivaj vesti na viber

„Во недела, на 2 ноември, Ве повикувам сите членови, симпатизери и поддржувачи на Движењето ЗНАМ: излезете масовно и покажете ја вашата енергија, довербата и вербата во нашата визија. Да гласаме за број 2, за Максим Димитриевски во Куманово, број 2 за Мирослав Лабудовиќ во Центар и за број 9 за Орце Ѓорѓиевски за Град Скопје и за сите кандидати на нашите владини партнери каде што нашата заедничка поддршка носи промена. Ве повикувам сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или верска припадност: да излеземе заедно и да гласаме за визија, за работа и за систем.

Да гласаме за иднина во која младите остануваат, семејствата живеат достоинствено, а државата функционира како дом за сите“, повика Минчев.

Тој искажа задоволство од резултатите што Движењето ЗНАМ ги постигна во првиот круг а кои, вели, дефинитивно ја потврдија стабилизацијата на гласачкото тели и станаа вистински показател дека политиките што ги водат се во вистинска насока. Истовремено се заблагодари и на коалициските партнери во власта – ВМРО-ДПМНЕ И ВРЕДИ.

„Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика, која наидува на сè поголема поддршка низ целата држава. Посебна благодарност упатувам и до пријателите од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја препознаа нашата искреност и визија, и застанаа рамо до рамо со нас. Ви благодарам за политичката зрелост и за поддршката во оваа заедничка борба за достоинствена, силна и обединета држава. Исто така, искрена благодарност до коалицијата ВРЕДИ, за поддршката и вербата дека само преку заедништво можеме да градиме држава во која има место за сите“, рече генералниот секретар на Движењето ЗНАМ.

Но, потенцираше Минчев, највредното од оваа кампања се средбите очи в очи со граѓаните. „Отворените врати, искрените насмевки и топлото добредојде што не пречека и што секојдневно го чувствувавме беше нашата најголема мотивација да истраеме и да покажеме што значи да се работи за народот и за државата“, порача Минчев, упатувајќи и посебна благодарност до активистите на Движењето ЗНАМ за несебичната пожртвуваност и поддршка и доверба во текот на сите пет недели од кампањата.

Прикажи повеќе...

Македонија

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Објавено пред

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.

Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми.

Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во недела сите масовно да излеземе на гласање, зошто додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина, порача Мицкоски

Објавено пред

Во привот изборен круг коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, благодарение на поддршката на граѓаните, постигна историски резултат. За прв пат во независна демократска Македонија коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на советничките листи победи во 58 општини плус главниот град, тоа се вкупно 59 општини. Имаме веќе избрани 33 градоначалници, во вториот круг имаме дополнителни 26 кандидати за градоначалници, а противкандидати на нашите кандидати во две општини веќе се откажаа, со што трката во вториот круг веќе е извесна и таму. А од останатите 24 очекувам во сите 24 општини да победат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и да бидат градоначалници во своите општини, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Македонска Каменица во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.

dobivaj vesti na viber

Додаде дека очекува, со победата на Орце Ѓорѓиевски во Град Скопје, да се заокружи бројката од 60 градоначалници, што, како што оцени, е исто така историски резултат што никогаш не е направен во Македонија.

Мицкоски ги повика граѓаните на Македонска Каменица, но и на цела Македонија, да излезат да гласаат и на вториот круг во недела и тоа уште помасовно, затоа што со останувањето дома се дозволува некој друг да одлучува за иднината.

„Би сакал да се заблагодарам на сите граѓани коишто излегоа и гласаа во првиот круг и да ја искористам оваа прилика да ги повикам да излезат и да гласаат во вториот круг. Гледаме дека има наши граѓани коишто, можеби, со години не дошле во Македонија, но доаѓаат од земјите во западна Европа за да гласаат во општини како што се Брвеница и Кичево и така натаму. А, гледаме дека одредени наши сограѓани остануваат дома мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков револт, пркос или ќе испратат некаква порака, која во суштина нема да биде препознаена, бидејќи кога останувате дома дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина. Затоа мојата порака и мојата замолница до оние коишто сè уште се двоумат дали да излезат во овој втор изборен круг, е да излезат масовно и, нормално, да го заокружат бројот 9 за Димче, за идниот градоначалник на Македонска Каменица“, повика Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се бори подеднакво за секоја општина и за секоја педа од македонската територија, што се покажа и во измината година и половина власт.

„Ние се бориме за секоја општина, се бориме за секој човек, се бориме за секој метар квадратен македонска територија, тоа го покажавме како Влада изминатите 16 месеци, така ќе биде и во овој втор круг. Затоа, кога велам дека очекувам сите 26 кандидати кои се во вториот круг сите да победат и да им се приклучат на оние 33, тоа и го мислам и ние како ВМРО-ДПМНЕ, како коалиција правиме се што можеме тоа да се случи и јас сум убеден дека во недела заеднички ќе испишеме уште една историја, којашто до сега не се случила во Македонија“, потенцираше Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија6 часа

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија7 часа

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија7 часа

Филипче го повика членството да гласа по сопствено убедување во општините во кои СДСМ нема кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат...

Македонија9 часа

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија9 часа

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија10 часа

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ11 часа

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија11 часа

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија11 часа

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет12 часа

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет13 часа

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската – една земја, два система – и мора да ги задржи својата слобода и демократијата...

Свет13 часа

(Видео) Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а...

Европа13 часа

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија23 часа

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија23 часа

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија24 часа

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија1 ден

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија1 ден

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...