Македонија
МОСТ: Гласањето се одвива без проблеми, со помали технички неправилности
Гласањето до 14 часот се одвивало без проблеми, со помали технички неправилности, соопштија од МОСТ. Од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени биле неколку информации за текот на гласањето.
„На гласачкото место 1238 во општина Демир Капија, на гласач му било дозволено да гласа без да биде проверен во Избирачкиот список. Повикана била ОИК, по што е направен записник во кој е констатирано дека ќе има повеќе ливчиња од потписи во списокот. На гласачкото место 1204, село Пуста Река во општина Крушево, на 8 гласачи им било дозволено да гласаат без да се потпишат во Избирачкиот список. Грешката е увидена од страна на ИО, направен е записник за случајот, повикана е ОИК, а гласањето продолжило“, се наведува во соопштението на МОСТ.
Проблем имало и во општина Чаир, во соопштението на МСОТ се наведува дека 8 гласачи не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список, иако тврделе дека се регистрирани во електронската форма на ИС. Сличен проблем имало и на гласачкото место 2680 во општина Аеродром, каде што тројца гласачи не можеле да се пронајдат ниту во изводот од Избирачкиот список, ниту на веб-страницата.
На гласачкото место 2232, село Голозинци во општина Чашка, избирачкиот одбор не удрил печат на 4 гласачки ливчиња, ОИК дала инструкција случајот да се внесе во записник. Понатаму додаваат од МОСТ дека избирачкиот одбор, на гласачкото место 0404 во село Чајле во општина Гостивар, откинал 33 ливчиња од кочанот заедно со серискиот број, по ова направен бил записник за случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

