Македонија
(Видео) Кризниот штаб против референдумот: Поткупувања и нерегуларности во Битола, Струмица и во Шуто Оризари

Кризниот штаб против референдумот, кој ја предводеше кампањата „Бојкотирам“, на прес-конференцијата, која се одржа во 16 часот, информира дека во текот на денот имало низа нерегуларности во гласањето, особено во Битола, каде што набљудувачите забележале голема раздвиженост на возила со скопски и тетовски регистарски таблички, кои, како што велат, имале цел да ги извадат луѓето на гласање. Исто така, било забележано и поткупување гласачи во струмичкото ромско маало, како и во скопската населба Шуто Оризари.
Според ангажираните 1.646 набљудувачи од страна на Кризниот штаб против референдумот, одѕивот до 10 часот бил околу 3 отсто, во 12 часот – 7,5 отсто, а до 15 часот изнесувал приближно 19 отсто.
– Во штабот на марионетската влада има паника поради слабиот одѕив и се прави очајнички обид да се сменат работите во последен момент. Можеме да кажеме дека референдумот не може да успее оти македонскиот народ и повеќето од граѓаните не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ – изјави потпретседателот на Единствена Македонија, Драган Угриновски.
Угриновски малиот одѕив кај Албанците на денешниот референдум до 17 часот го образложи велејќи дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во текот на денот имал состанок со премиерот Зоран Заев, на кој побарал на наредните престедателски избори Заев да поддржи кандидат Албанец за претседател, а во спротивно Албанците да ги наполнат гласачките кутии во последните неколку часа од гласањето на местата каде што преовладува албанското население.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието ќе формира комисија за избор на нов претседател на антикорупциската

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 12 часот ќе одржи седница на која се очекува да ја формира Комисијата за селекција на кандидати за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Процесот следи откако на 5 август беше распишан јавен оглас, со рок за пријавување од 10 дена. Оваа постапка се спроведува по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, која е обвинета за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
Според Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, до изборот на нов претседател, функцијата ја врши заменик-претседателот на ДКСК. Новиот претседател мора да има најмалку десет години работно искуство, од кои осум во областа на борбата против корупцијата, владеењето на правото или добро управување.
Македонија
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Во Владата ќе се одржи одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
По тој повод со почеток во 10:00 часот во Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија ќе се одржи свечена седница на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Фејсбук“ и „Јутуб“ каналот на Владата.
Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.
Македонија
Сончево и многу топло со мала локална облачност: максималната температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност преку денот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.