Македонија
Хан: Граѓаните во голем број го поддржаа договорот, политичарите да ја почитуваат одлуката

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, со објава на социјалната мрежа „Твитер“ им честита на македонските граѓани што гласале на референдумот и ги повика политичарите да ја почитуваат нивната одлука.
Referendum in ??: I congratulate those citizens who voted in today’s consultative referendum and made use of their democratic freedoms. With the very significant “yes” vote, there is broad support support to the #Prespa Agreement + to the country’s #Euroatlantic path. 1/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) September 30, 2018
„Им честитам на граѓаните што гласаа на денешниот консултативен референдум и го искористија како алатка за изразување на демократските слободи. Со голем број гласови „за“, има значајна поддршка за договорот од Преспа и евро-атлантскиот пат на земјата“, наведува во пораката Хан.
I now expect all political leaders to respect this decision and take it forward with utmost responsibility and unity across party lines, in the interest of the country. 2/2
— Johannes Hahn (@JHahnEU) September 30, 2018
Воедно, тој изразува очекување дека политичките лидери ќе ја почитуваат одлуката и ќе ја спроведат со голема одговорност и политичко единство, како што вели, во интерес на државата.
Државната изборна комисија (ДИК) на последната прес-конференција во 19 часот соопшти дека на денешниот референдум до 18.30 на гласање излегле 34,09 отсто од вкупно запишаните во Избирачкиот список.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.