Македонија
(Видео) Шекеринска: Во блиска иднина Македонија нема да ја има оваа шанса
Некои во текот на кампањата велеа дека можеме да почекаме и да се надеваме на друг договор. Овие изјави не се точни – во блиска иднина Македонија нема да ја има оваа шансa. Секое одлагање ќе нè фрли во неизвеснот и немир, порача вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, на првата прес-конференција по референдумот што се одржа вчера. Таа истакна дека до овој момент никој не излегол со алтернатива за членството на Македонија во ЕУ и НАТО затоа што, како што рече, нема друга алтернатива.
„Нашата порака е дека ова е време кога сите мора да заиграме на страната на нашата Македонија“, рече Шекеринска и додаде дека очекува сите политичари да се повикаат на јасната порака на граѓаните и да се обединат за да ја однесат Македонија во НАТО и ЕУ.
Шекеринска рече дека според првичните резултати на референдумот гласале повеќе од 660 000 граѓани, а 91 процент од нив избрале да гласаат „За“ европска Македонија. „Дури и во случај на поголема излезнот дури и бројката да одговараше на најголемите излезности забележани во РМ, овој резултат од над 600 000 граѓани кои гласале ќе значеше јасна одлука на граѓаните и јасна определба за европска Македонија“, рече таа.
На прашање дали се готови формулациите на уставните амандмани и како ќе настапат во консултациите со пратениците, Шекеринска одговори дека сметале оти текстот не треба да биде испишан пред завршувањето на референдумот.
„Не сметаме дека текстот ќе биде проблем, туку прашањето е дали ќе се оди понатаму и ќе се отворат можностите за НАТО и ЕУ“, рече Шекеринска.
Според неа, определбата за европска Македонија добила повеќе гласови од кој било победник на кои било избори во Република Македонија до денес.
„Одлучија гласовите на тие кои гласаа и тоа беше пораката што ја испраќавме во кампањата. Граѓаните што гласаа презедоа одговорност да одлучуваат за својата земја. Со мнозински изразената волја, за пратениците нема друга вистинска опција освен да го следат гласот на народот со цел земјата да ги забрза процесите кон ЕУ и НАТО. Гласот на граѓаните е јасен повик политичките партии да се приклучат на процесот и да работат за оваа заедничка цел“, рече Шекеринска.
Таа истакна дека пратениците имаат јасен избор. „Од една страна Македонија во ЕУ и НАТО, а од другата изолација и неизвесност. Очекуваме пратениците да ја прифатат пораката и да ја направат Македонија земја со подобри шанси за живот. Во спротивно единствена друга демократска алатка е предвремени избори и тоа веднаш“, истакна министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.

