Македонија
Османи: Собранието презема одговорност да ја материјализира поддршката што ја дадоa гласачите
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на прес-конференција во Владата рече дека вчерашниот референдум имал за цел да ја определи политичката волја на граѓаните.
„Тој инструмент се рефлектира преку бројот на гласачите кои гласале, а бројката на тие што гласаа дава целосен легитимитет за институциите да продолжат со имплементација на договорот“, рече Османи.
Најави дека во наредните денови секој пратеник во Собранието на РМ ќе треба да донесе лична одлука за иднината на Македонија и кажа дека, до крај и до последната секунда, власта ќе оди на варијантата парламентот да го заокружи овој процес. Ако тоа не успее, истакна дека предвид доаѓаат и други алтернативи.
Тој во обраќањето рече дека НАТО и ЕУ значат стабилност, безбедност, подобри плати за граѓаните, како и можност младите да ја продолжат својата иднината овде. Во спротивно, рече дека на Македонија ѝ се заканува безбедносна, политичка и економска непредвидливост.
„Мнозинството граѓани што гласаа, над 90 отсто, дадоа јасен легитимитет за договорот, институциите да можат да продолжат“, рече Османи и додаде дека цензусот не е прашање поврзано со успешноста на референдумот бидејќи, како што рече, е техничко прашање со кое се мери ажурираноста на гласачкиот список.
„Собранието ја презема одговорноста да ја материјализира одлуката на поддршката што ја дадоa 90 отсто од гласачите“, порача Османи.
Вицепремиерот повика граѓаните да се чувствуваат горди за одлуката што е донесена, бидејќи, како што рече, истата го отвора патот за ЕУ и НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

