Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали потроши 3 милиони евра народни пари за неуспешен референдум

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го прашува премиерот Зоран Заев дали е вистина дека за кампањата за референдумот потрошиле 3 милиони евра народни пари.
„Ден по референдумот, СДСМ им должи одговор на граѓаните колку пари потрошил за кампањата за неуспешниот референдум. СДСМ со манипулативна кампања потроши милионски суми пари на граѓаните за лични цели. Единствено важно им беше да се себепромовираат“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој го праша СДСМ дали е вистина дека потрошил над 3 милиони евра.
„Колкава сума пари потрошија за кампањата за неуспешниот референдум. Дали се работи за сума од над 3 милиони евра и повеќе, дали СДСМ преку официјална и неофицијална кампања потроши над 3 милиони евра, дали СДСМ ги користеше државните и владините ресурси на трошок на граѓаните за свои лични цели“, праша Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.