Македонија
По налог на Општина Центар, се отстранува дивоградба во Градски парк
Овластен градежен инспектор на Општина Центар по извршен увид изготвил решение со кое на инвеститорот „Работнички консалтинг“ ДООЕЛ Скопје, му наложил во рок од три дена да ја отстрани градбата што не е согласно прописите од Законот за градење, информираа од Општина Центар.

„Инвеститорот ‘Работнички консалтинг’ ДООЕЛ Скопје почна со извршување на решението на овластениот градежен инспектор на Општина Центар за отстранување на неговата градба за која не поседува решение согласно со Законот за градење и почна со отстранување на градбата. Инвеститорот пристапи кон отстранување на шанк со челична настрешница со димензии 5.00 м x13.00 м, челична платформа со димензии 2.00 x5.00 м, дрвена настрешница со димензии 5.00 x 12.00 м, базен со димензии 5.00 x4.00 м, ограда со челични профили обложена со дрво со должина L=10.00 м + 6.00 м+ 1.50 м +8.00 м+25.00 м и влез од челична конструкција со димензии 2.00 x4.00 м во Градски парк“, се наведува во соопштението на Општина Центар.

Од општината посочуваат дека надлежните ќе извршат контролен инспекциски надзор дали инвеститорот постапува по решението издадено од овластен градежен инспектор и дека ќе продолжат внимателно да ги следат градбите на нејзина територија и нема да дозволат непочитување на Законот за градење, ниту, пак, ќе толерираат дивоградби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

