Забава
Филмот за свештеницитe поголем хит од „50 нијанси сиво“ во Полска

Речиси милион луѓе нагрнаа во полските кина во текот на последните три дена за да го гледаат филмот што католичките свештеници не ги покажува во убава светлина, објави неговиот дистрибутер.
„Клер” е црна драма за тројцата свештеници кои пијат, финансиски ги експлоатираат верниците и ја исмеваат Црквата. Еден од нив сексуално злоупотребува слепо момче.
Филмот го погледнаа 935 000 луѓе за три дена, односно сто илјади луѓе повеќе отколку „50 нијанси сиво” во истиот период, рече дистрибутерот „Кино свиат“.
Филмскиот режисер Војчех Смарзовски предизвика големи полемики во Полска.
Неколку членови на владејачката Партија на правдата и законот (ПиС) побараа филмот да биде забранет. Член на канцеларијата на полскиот претседател, Павел Солох, не го погледна филмот, но тоа не го спречи да каже дека е снимен онака како што „нацистите снимале филмови за Евреите”.
Иако бројот на верници опаѓа, Полска останува една од најрелигиозните земји во Европа, во која Црквата има големо општествено и политичко влијание.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Безос ја продаде својата вила во Вашингтон: го собори рекордот за најскап имот

Џеф Безос, сопственик на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари. Тој ја продаде својата луксузна вила во Хантс Поинт, Вашингтон, соборувајќи државен рекорд.
Продажбата на палатата на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува Washingtonian, рекордот го држела медитеранска вила во која престојувале повеќе од 12 шведски амбасадори, со 17,3 милиони долари.
Безос ја купи гореспоменатата вила во 2019 година по разводот со новинарката Мекензи Скот. За тоа платил 37,5 милиони долари, што значи дека од продажбата остварил профит од над 25 милиони долари. Вилата се простира на повеќе од 3 хектари и има три спални соби, четири бањи, лифт, тераса на покривот и стаклен мост што ја поврзува со гостинската куќа.
Забава
(Фото/Видео) Џенифер Лопез блескаше во розевиот комбинезон во боксот на Ферари

Џенифер Лопез со нови фотографии на Инстаграм предизвика лавина реакции. Пејачката присуствуваше на трката за ГН на Формула 1 во Саудиска Арабија, а обожавателите беа особено импресионирани од нејзината облека.
Лопез за оваа пригода избра тесен розов комбинезон од латекс, кој ја истакна нејзината фигура. „Донесуваме малку сјај во Ф1“, напиша таа покрај фотографиите кои за само неколку часа им се допаднаа на речиси 800.000 луѓе.
„Латина Барби“, „Како да си ја измислила розовата боја“, „Ф1 Барби“, „Еве ја мојата Барби кралица“, „Никој не може да ти парира“, „Изгледаш апсолутно прекрасно“, „Оваа жена е спектакуларна“, „Веќе победи во трката“, „Ние ја сакаме Џеј Ло Барби“, „Опседната сум со овој изглед“, „Ова е совршенство“, се само дел од коментарите.
Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.