Македонија
Царовска-Бабиќ: Македонија и БИХ може да разменуваат искуства во делот на социјалната заштита
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска се сретна со амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија, Лепа Бабиќ. На состанокот тема на разговор беше унапредувањето на соработката меѓу двете земји, но и во целиот регион, на правата од социјалната заштита, како и инклузија на лицата со попреченост и со ретки болести.
„Македонија и Босна и Херцеговина може да разменуваат искуства за различни сфери од секторот социјална заштита и со тоа меѓусебно да се поддржуваат и да си помагаат. Такви иницијативи веќе постојат за црпење искуства за центрите за активно стареење кои во БиХ веќе подолго време одлично функционираат“, истакна министерката Царовска на состанокот.
Амбасадорката Бабиќ најави дека ќе иницира потпишување меморандум за соработка во делот на социјалната заштита, кој треба да придонесе за олеснување и зајакнување на комуникацијата и соработката меѓу институциите и експертите од двете држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пронајдено безживотно тело на млада жена во Тетово, Обвинителството изврши увид
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала.
„Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.
Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините“, соопшти Обвинителството.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

