Свет
Момчиња избоделе германски новинар, го поздравиле со нацистички поздрав

Три германски момчиња избоделе локален новинар во источниот град Наумбург, изведувајќи нацистички поздрав по инцидентот. Репортерот се спасил од смртта и покрај раната длабока 6 см, пренесува РТ.
Клаус-Петер Крумлинг, новинар на „Наумбургер тагеблат“, се нашол на погрешно место во погрешно време, објави неговиот весник во вторникот. Крумлинг само што го завршил шопингот во локалниот супермаркет во петокот вечерта кога избила тепачка.
Додека одел кон својот автомобил, новинарот наишол на три момчиња, а едното од нив го плукнало и му покажало среден прст. Навреден од непристојниот гест, Крумлинг му се спротивставил на момчињата, по што бил нападнат. Еден од тинејџерите го прободел новинарот во стомакот, а друг го поздравил со нацистичкиот поздрав. Но Крумлинг дури подоцна сфатил дека бил избоден со нож.
„Дури подоцна во автомобилот забележав дека стомакот ми е влажен и дека се станува црвено”, изјави тој.
Крумлинг се вратил дома и ја повикал полицијата пред да биде однесен во болница. Се чини дека тој за малку ѝ избегал на смртта зашто раната му била длабока6 см, но, за среќа, не се покажала како опасна по живот.
Наумбург, град со околу околу 30.000 жители, се наоѓа во источната држава Саксонија-Анхалт. Источниот дел на Германија неодамна преживеа бран екстремно десничарски демонстрации поттикнати од убиството на 35-годишен Германец кој беше фатално прободен со нож во Хемниц.
Германија забележува голем пораст во бројот на насилни напади врз новинарите во текот на 2018 година, покажува најновата студија на Европскиот центар за медиуми и слободи (ЕКППФ). Оттаму велат дека вкупно 28 новинари претрпеле 22 потрдени физички напади во текот на 2018 година додека фотографирале, снимале или држеле камера за време на демонстрации или настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

Хуманитарната катастрофа во Појасот Газа мора веднаш да престане, повикаа вчера во заедничко соопштение Париз, Лондон и Берлин.
„Хуманитарната катастрофа на која сме сведоци во Газа мора веднаш да престане“, нагласија трите европски земји.
Тие на овој начин одговорија на алармот објавен од ОН и невладините организации дека постои ризик од непосреден и широко распространет глад во Газа. Трите европски престолнини ја повикуваат европската влада веднаш да ги укине ограничувањата за испорака на помош.
Франција, Велика Британија и Германија, исто така, потсетуваат дека Израел мора да ги почитува своите обврски според меѓународното хуманитарно право.
„Дојде моментот да се стави крај на војната во Газа“, додадоа тие и ги повикаа сите страни да го прекинат конфликтот со склучување на договор за моментално прекин на огнот.
Регион
Топлотниот бран ги затвори Акропол и археолошките локалитети во Атина

Поради топлотниот бран и високите температури што од почетокот на седмицава ја зафатија Грција, археолошките локалитети во Атина, како и Акропол и во текот на викендов ќе бидат затворени за туристи во периодот од 12 до 17 часот.
Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела.
Вчера беше најтоплиот ден, просечната максимална температура достигна 37,6 степени Целзиусов, на Пелопонез измерени речиси 46 степени, а во многу делови од земјата надмина 42 степени.
Свет
Русија до Западот: Тврдоглаво игнорирате додека режимот во Киев се обидува да ја спаси кожата на Зеленски

„Тврдоглаво се обидувате да игнорирате како темелно корумпираниот режим во Киев се обидува да ја спаси кожата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, доведувајќи ја во прашање иднината на својата земја. За тоа детално ќе разговараме на посебниот состанок што го побаравме за 31 јули, каде што предлагаме фокусирање на акциите што ја поткопуваат потрагата по дипломатски пат за решавање на украинскиот конфликт – вклучително и обидите да се попречи директниот руски-украински преговарачки процес во Истанбул“, изјави заменикот на рускиот амбасадор во ОН, Дмитриј Пољански, на седницата на Советот за безбедност, обраќајќи им се на претставниците на западните земји, пренесува ТАСС.
Според него, Русија подолго време и доследно предлага решавање на украинската криза по дипломатски пат.
„Но вас тоа не ве задоволува – сè додека сте подготвени да продолжите да се борите против Русија преку рацете на Украинците. А фактот што ги има сè помалку – воопшто не ве вознемирува“, предупреди рускиот дипломат.
Русија и Украина во мај и јуни одржаа две рунди преговори, по што следуваше размена на заробеници и предавање на телата на загинатите украински војници. Двете страни исто така разменија нацрти меморандуми за решавање на конфликтот.