Свет
Шпанскиот премиер со жестоки критики до каталонскиот лидер по немирите во Барселона
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, во вторникот го критикуваше сепаратистичкиот водач на Каталонија, Ким Тора, за охрабрување на радикалите, еден ден откако во Барселона се случија судири на годишнината од забранетиот референдум за независност, пренесува „Локал“.
Стотици демонстранти за независност ги урнаа бариерите на влезот во регионалниот парламент доцна во понеделникот вечерта, провоцирајќи судири со полицијата и принудувајќи го каталонскиот лидер на антисецесионистичката партија „Сјудаданос“ да ја напушти зградата под придружба. Судирите беа кулиминација на немирниот ден во североисточниот регион каде што радикалните активисти ги препречија патиштата и железничките линии на едногодишната годишнина од референдумот поттикнати од Тора, кој претходно истиот ден ја поздрави нивната форма на уличен притисок.
„Претседателот Тора мора да се придржува кон своите одговорности и да не ја загрози политичката нормализација охрабрувајќи ги радикалите ги ја опколат институциите што ги претставуваат сите Каталонци. Насилството не е патот напред”, рече Санчез во твит.
Референдумот за независност на Каталонија на 1 октомври 2017 година беше прекинат со насилна полициска акција на гласачките места. Една година подоцна на шпанските насловни страници гледаме радикални поддржувачи на независноста што ги попречуваат патиштата и железничките линии, се пробиваат во зградата на владата и се судираат со полицијата. Дури и поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон, кој е во самопрогон во Белгија по обидот за отцепување од октомври минатата година, го осуди насилството.
„Ако се маскирани, тие не се од 1-0. Ако користат насилство тие не се од 1-0. Ние го направивме тоа со нашите лица откриени и на мирен начин”, изјави тој на Твитер во врска со референдумот минатата година кој на крајот доведе до краткотрајно унилатерално прогласување независност на 27 октомври.
Тоа го поттикна премиерот Маријано Рахој да ја разреши регионалната влада, да го распушти каталонскиот парламент и да свика предвремени локални избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

