Економија
Ќе се гради нов дистрибутивен центар на Прилепска пиварница во Идризово – инвестиција од 3,5 милиони евра
Официјално почна со градба новиот дистрибутивен центар на Прилепска пиварница во Идризово, инвестиција во висина од 3,5 милиони евра, во која се очекува да се вработат над 30 лица од различни профили и степен на образование.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, потенцираше дека Прилепска пиварница е добар пример на домашна компанија, која со квалитетно управување и правилно инвестирање во изминатите 10 години успеа да изгради препознатлив бренд, да се позиционира на пазарот и да ги удвои приходите на компанијата.
„Новата инвестиција на компанијата, дистибутивниот центар, ќе има позитивно влијание и на градежништвото и понатаму на индустриското производство, што значи дека има директен импакт на бруто домашниот производ на Македонија. Владата ги поддржува градежните проекти што се исплатливи, каков што е и овој приватен проект на Прилепска пиварница, а особено важно е што оваа инвестиција е во функција и на индустријата, односно ќе биде во функција на зголеменото производство и пласман на компанијата. Една куќа се гради камен по камен и оваа инвестиција е уште еден камен во изградбата на економијата на државата“, нагласи Анѓушев.
Општина Гази Баба важи за една од најиндустриските општини во Македонија, а така ќе остане и понатаму, кажа градоначалникот Борис Георгиевски.
„Нашата мисија е да создадеме бизнис-амбиент и подеднакви услови за домашните и странските компании, за да можат своите инвестиции да ги реализираат во општина Гази Баба. Ќе работиме на подобрување на сите услови за работа на сите компании, за Гази Баба да биде најразвиената индустриска општина во земјата“, подвлече Георгиевски.
Претседателот на управниот одбор на Прилепска пиварница, Кирил Самарџиоски, рече дека природно се наметнала потреба за проширување на дистрибутивниот простор во близина на Скопје и компанијата донела одлука за новата инвестиција.
„Парцелата на која се гради е со површина од 11 000 квадратни метри, додека самиот дистрибутивен центар ќе биде со површина над 5 000 метри квадратни. Ни велеа дека за добивање на потребната документација е потребна една година, сепак ја добивме градежната дозвола за околу 2 месеца, за што сум благодарен на градоначалникот“, додаде Самарџиоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Летувај – за џепарлак не се оптеретувај – Остануваат уште три дена!
Остануваат уште три дена од извлекувањето на среќните добитници кои ќе добијат летен одмор во грција за целото семејство!
СН Финансиско друштво, препознавајќи ја потребата на граѓаните за уживање без мака во летниот одмор, со понуда за туристички безкаматен кредит за сите граѓани.
Понудата вклучува избор на летна дестинација по Ваш избор преку реномираната туристичка агенција ЈК Травел, а целосниот износ може да го плаќате на десет месечни рати без камати и други провизии.
Но, јуни е месец на подарувања, па од СН Финансии информираат дека сите кои ќе аплицираат за кредит до 30 јуни 2024 година, стануваат потенцијални добитници на летување во Грција, а на двајца најсреќни СН Финансии ќе им подари летување во Грција за нив и нивните најблиски.
Промовирајќи ја кампањата за туристички безкаматен кредит, СН Финасии ја истакнува својата континуирана посветеност кон задоволството на своите клиенти. Спакувајте ги куферите, аплицирајте онлајн и спремете се за уживање во следните топли денови покрај море.
ПР
Економија
Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија
Ветерен парк со 55 ветерници, кои ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија, ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш.
Инвестиција на „Алказар енерџи“, која беше прмовирана денес, е во вредност над 500 милиони долари и ќе претставува 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјата.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ова е најголемата инвестицијата досега во делот на обновливи извори на енергија во регионот. Како што објасни, планирано е инсталирање 55 ветерници, што ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија или еден милион мегават-часови, што е приближно 20-ина проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјата.
Инвестицијата треба да отвори нови 630 вработувања.
„Со завршување овој проект, дури 100.000 македонски домаќинства ќе може да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници. Морам да напоменам дека овој проект е значаен од многу аспекти. Со него ќе се зајакне значително енергетската независност, нешто што е наша цел, но исто така ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат за нови инвестиции. Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада само ќе продолжиме со зајакнато темпо да работиме. Нашиот став е јасен – мора да ја направиме енергетски независна. Кого зборувам енергетска независност, мислам енергетски независни од електрична енергија бидејќи нормално е дека електричната енергија не е единствениот енергент. Тука зборуваме за нафта, за гас итн. Кога зборуваме за енергетски независни, зборуваме за енергетски независни во делот на електричната енергија. И тоа може да се реализира само со детален план за енергетиката, каде што верувам и знам дека ќе имаме голем напредок“, рече Мицкоски.
Првиот човек на Владата истакна дека тој е тип на човекшто сака да види конкретни дела, а не се потпира само на даден збор. Во таа насока Мицкоски изјави: така и функционирам, а така ќе функционира и оваа Влада.
Изјави дека е задоволен што „Алказар енерџи“ пред неколку недели успеа да ја затвори финансиската конструкција за изградба на најголемиот парк на ветерници во регионот.
„Од земја увозник, ќе повторам, наша цел е да станеме и земја извозник на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Со оглед на обемноста на самиот проект се очекува изградбата да почне во втората половина од 2025 година.
Економија
Фонтаната „Лотос“ – инспирација за визуелниот идентитет на пакетот за млади Halk EZ
Фонтаната Лотос во Градскиот парк во Скопје, која е урбан симбол на дружење, заедништво и солидарност на голем број генерации млади, е главната инспирација за визуелниот идентитет на Halk EZ (Halk Easy), новиот пакет за млади на Халкбанк.
Halk EZ има поинаков концепт односно покрај банкарски услуги, на младите на возраст од 16 до 24 години, ќе им понуди и платформа за едукација, дружење, вмрежување и забава. Токму во таа насока, секоја боја од брендирањето асоцира на предвидените компоненти од пакетот, чија цел е да ги вклучи младите во многу активности кои ќе ги поттикнат нивните квалитети, знаења и вештини.
Брендирањето на Halk EZ се надоврзува на „Трајни културни вредности“, проект на Халкбанк посветен на промоција на вредните културни и уметнички дела од минатото, на што сега се додаде и фонтаната Лотос, која претставува архитектонски симбол на Скопје уште од нејзиното пуштање во употреба во 1971 година.
„Фонтаната Лотос во Градски парк отсекогаш претставувала синоним за социјализација меѓу младите низ многу генерации до денес. Поттикнати од лотусот како мемоар на безброј впишани приказни, овој дизајн се темели токму врз значењето на споменикот. Дизајнот е составен од геометриски форми кои јасно ја претставуваат нејзината градбена структура, а притоа преку стилизација прикажана е во духот на современието. Овој графички приказ е сочинет од богат колорит кој содржи дванаесет бои и секоја од нив е составен дел од севкупната приказна на HALK EZ“, вели Кристијан Јованоски, арт директор во Ефектива, агенцијата која го креираше визуелниот идентите на Halk EZ.
Фонтаната Лотос е дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец, се наоѓа на платото на влезот на Градскиот парк од страната на булеварот Илинден, а нејзиното корито има дијаметар од 10 метри. На оваа локација претходно имало мочуриште со бели лотосови цветови од каде се родила идејата за дизајнот на фонтаната.
Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.
Сите млади кои ќе станат дел од Halk EZ пакетот најдоцна до 4-ти јули, учествуваат во наградната игра „Со Halk EZ до Exit“ преку која ќе бидат доделени пет ВИП влезници за двајца на еден од најголемите музички фестивали во Европа.
(ПР)