Контакт

Забава

Сајмон Кауел донираше 29 000 евра за да спаси повеќе од 200 кучиња

Објавено пред

Најстрогиот член на жирито и продуцент на шоуто „Јас имам талент”, Сајмон Кауел (58), донираше околу 29 000 евра на организацијата „Хјуман  социети интернешнел” за да помогне да се ослободат повеќе од 200 кучиња што се одгледуваат како храна за луѓето.

dobivaj vesti na viber

Сајмон претходно ја критикуваше Јужна Кореја за кучешкото месо што луѓето го користат за јадење, а сега дел од своето богатство, проценето на неколку милиони евра, донираше за спасување животни.

„Тоа е како да го јадете својот пријател. Факт е дека јадете толку благородно, беспомошно, слатко животно“, рече Симон во шоуто „Добро утро Британија“.

Јадењето кучешко месо во Јужна Кореја се намалува, велат активистите, но во светот постојат илјадници фарми каде што се одгледуваат 2,5 милиони кучиња годишно. Животните се затворени во мали кафези и ги убиваат со електрична струја или ги бесат.

View this post on Instagram

#BGT

A post shared by @ simoncowell on

На почетокот на годината Сајмон ѝ честиташе на организацијата дека спаси 170 кучиња од фарма во Јужна Кореја, а 13 од нив беа доведени во Велика Британија за да почнат нов живот.

Забава

Реакции на социјалните мрежи по настапот на Цеца во Велес

Објавено пред

Настапот на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес предизвика бројни реакции на социјалната мрежа „Икс“ , откако за време на концертот таа се завитка во бугарско знаме кое и’ го дадоа од публиката.

dobivaj vesti na viber

Корисници од Македонија споделуваат видеа и коментари од настанот. „Ја би ги исвиркал сите што отидоа на концерт на Цеца“, напиша еден корисник, додека друг иронично праша: „Дали Цеца ќе го истетовира МК знамето?“

Има и коментари кои сугерираат дека моментот бил резултат на провокација: „Бугарското знаме ѝ го подметнаа обични провокатори и добија што си бараа“ стои во еден од постовите, како и многу кои на комичен начин се осврнаа на настанот.

Цеца се огласи коментирајќи дека не сакала да навреди никого, најмалку домаќините, како и дека таа секогаш прифаќа знамиња од публиката.

Прикажи повеќе...

Забава

Карлеуша за Цеца по настапот во Велес: „Не е незнаење, тоа е дно“

Објавено пред

Пејачката Јелена Карлеуша реагираше по настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес, каде што Цеца се завитка во бугарското знаме, потег што предизвика негодување кај публиката.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесе „Курир.рс“, Карлеуша на социјалната мрежа „Икс“ го нарече овој чин „дно“ и напиша:

„Идејата да се завиткаш во знамето на земја што го оспорува името и постоењето на Северна Македонија, па уште и да го бакнеш – тоа не е глупост или незнаење, тоа е дно.“

Во текстот се додава дека и македонскиот шоумен Боки 13 реагирал со негодување, додека од прес-службата на Цеца не дале коментар.

Подоцна, Ражнатовиќ се огласи и изјави дека нејзината намера не била да навреди никого:

„Секогаш со радост ја прифаќам секоја знаме од мојата публика, бидејќи тоа е мојот народ. Жал ми е ако некого повредив – тоа не ми беше намерата, особено не домаќините,“ изјави пејачката за „Блиц“,  која потоа во текот на концертот го подигна и македонското знаме.

Прикажи повеќе...

Забава

Хороскопски знаци кои успеваат и кога се под најголем притисок

Објавено пред

Постојат луѓе кои под притисок не губат концентрација, туку стануваат поефикасни. Според хороскопот, овие знаци најчесто успеваат дури и кога условите се најтешки:

dobivaj vesti na viber

Јарец – најдобро функционира кога е најтешко. Не се плаши од одговорност и секогаш останува рационален и смирен, користејќи го притисокот во своја корист.

Шкорпија – има силна внатрешна контрола и не паничи кога другите го прават тоа. Знае да ги анализира ситуациите и да донесе ладнокрвни одлуки.

Девица – логична, организирана и аналитична. Во кризни моменти не губи време, туку веднаш бара решение.

Овен – се мотивира кога ситуацијата станува сериозна. Притисокот кај него го буди натпреварувачкиот дух и ја засилува одлучноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ44 минути

Наставничка од Кавадарци влегла во профилот на колешка и и’ праќала приватни разговори на директорката

Полицијата во Кавадарци поднесе кривична пријава против две жени — наставничка и директорка од основно училиште во градот, под сомнение...

Македонија3 часа

Непречено се одвива гласањето на болните и затворениците

Гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се во притвор или затвор, како и на граѓаните сместени во установи...

Македонија3 часа

(Видео) Цеца нагрна бугарско знаме на концертот во Велес, па објасни: „Секогаш прифаќам знамиња од публиката, немав намера да навредам никого“

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по скандалот со знамето што се случи синоќа на нејзиниот концерт во Велес. Цеца...

Македонија3 часа

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за настаните на „27 април“, кој беше осуден на 13 години затвор. Од она што...

Македонија6 часа

Обвинение за кражба на кабли од кругот на „Железара“, нанесена штета на јавните инсталации од повеќе стотици илјади евра

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истрага, денеска поднесе Обвинителен акт против три лица, кои како соизвршители сториле кривично дело...

Регион6 часа

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

Бугарија привремено забрани извоз на дизел и керозин поради американските санкции воведени против руските енергетски компании. Забраната, која ја усвои...

Свет6 часа

Трамп: Орбан ми побара изземање од санкциите за руската нафта, но не го доби

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал изземање од новите американски санкции насочени кон рускиот нафтен...

Свет6 часа

Зеленски: Русија распореди 170.000 војници во Доњецк, тешки борби околу Покровск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија распоредила околу 170.000 војници во источната украинска област Доњецк, каде што се обидува...

Свет18 часа

Орбан: Европа се движи кон војна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати остри обвинувања против европските лидери во интервју за радио Кошут, тврдејќи дека „Европа сака војна“...

Македонија21 час

67-годишен маж ја тепал сопругата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете: Семејно насилство во Петровец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131...

Македонија1 ден

Скопјанец ја малтретирал поранешната девојка – ја влечел пред болница и ѝ се заканувал дека ќе го убие брат ѝ

Скопското Обвинителство поведе постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за продолжено загрозување на сигурноста на својата поранешна девојка. Според обвинителството, мажот...

Македонија1 ден

Условна казна за едниот од напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Реџеп Нуредини доби условна казна од две години затвор, која нема да се изврши доколку во наредните пет години не...

Македонија1 ден

Луксузен хотел во центарот на Скопје крадел струја: Електродистрибуцијата пронајде нелегални кабли

Откриена голема кражба на електрична енергија во центарот на Скопје. Хотел со четири ѕвезди на улицата Луј Пастер бил нелегално...

Македонија1 ден

Закани за убиство кон градоначалникот на Неготино и обид да се изнудат пари: обвинение против едно лице

Основното јавно обвинителство Кавадарци обезбеди докази и поднесе обвинение против едно лице осомничено за кривични дела – Изнуда од член...

Македонија1 ден

Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано...

Топ1 ден

Уапсен возачот што удри 11-годишно девојче на улицата Перо Наков и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија1 ден

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија1 ден

Речиси 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет1 ден

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет1 ден

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската – една земја, два система – и мора да ги задржи својата слобода и демократијата...