Свет
Путин: Странските воени сили да се повлечат од Сирија, и ние ќе се повлечеме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/V.-Putin.jpeg)
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави денеска дека Москва сака сите странски воени сили да се повлечат од Сирија по завршувањето на војната и истакна дека и руските сили ќе го сторат истото кога сириската влада ќе побара, објави АП.
Во граѓанската војна во Сирија, Русија е вовлечена во 2015 година давајќи му поддршка на долгогодишниот сојузник, претседателот на таа земја, Башар ал-Асад, и давајќи ѝ помош на владата за повторно да заземе голем дел од територијата што беше под контрола на бунтовниците.
Агенцијата потсетува дека Русија во моментов управува со воздушната и водната база во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/б.jpg)
Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Москва, сега најави интервју со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Изгледа дека добивме интервју со Зеленски. Се обидуваме две години, а особено интензивно по интервјуто со Путин во февруари. Поентата е да им ги дадеме на Американците многу потребните информации за конфликтот што целосно ја преобликува нивната земја. Се надеваме дека интервјуто доаѓа наскоро“, напиша Карлсон на мрежата X.
Карлсон е првиот западен новинар кој интервјуирал руски претседател од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година. За време на двочасовното интервју објавено ноќта на 9 февруари, кое имаше повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа Х и повеќе од 10 милиони на Јутјуб, Путин меѓу другото рече дека Русија нема да го нападне НАТО, особено Полска, Латвија и другите балтички земји.
Регион
Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/grom-na-Rodos.jpg)
Силни молњи вчера предизвикаа два пожари на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати од силните ветрови на два други острови.
Повеќе од 32 пожарникари со помош на 13 противпожарни возила, едно летало и два хеликоптери се обидуваат да го изгаснат пламенот што го проголтува шумското земјиште на два фронта на островот во северното Егејско Море на 306 километри северно од Атина, соопшти противпожарната бригада.
Шумските пожари станаа почести и деструктивни во Грција во последните години поради климатските промени, а грчката служба за цивилна заштита предупреди на понестабилно време во среда и четврток, наведувајќи дека се очекуваат невреме со голема фреквенција на грмежи и град.
Свет
САД најавија нов пакет воена помош за Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/amerika-sad-zname.jpg)
Владата на Соединетите Американски Држави најави голем нов пакет одбранбена помош за Украина, кој ќе вклучува ракети за системи ХИМАРС, противвоздушни пресретнувачи, артилериски гранати и друго оружје, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.
„Американската администрација најавува доделување на нов значаен пакет помош за Украина во областа на безбедноста. САД продолжуваат да ја поддржуваат одбраната на Украина од инвазијата на Руската Федерација“, рече таа на брифинг со новинарите, пренесува Укринформ.
Портпаролката на Белата куќа не ја прецизираше вкупната вредност на новата транша помош, но нагласи дека тоа е седмиот пакет што САД го доделуваат откако американскиот претседател Џозеф Бајден го потпиша законот со дополнителни средства за потребите на националната безбедност во април.