Свет
Австралија бележи рекордно ниска бројка на жени заболени од рак на матка
Ракот на грлото на матката во наредните две години ќе премине во категоријата „ретки болести“ во Австралија, а до 2028 се очекува комплетно да се елиминира како проблем на јавното здравство за првпат во светот.
Деталите за овие нови предвидувања се дел од последното истражување на магазинот за јавно здравство „Лансет“. Според истражувањето, во светски рамки оваа болест ќе биде причина за повеќе од 310 000 смртни случаи годишно, но Австралија се чини дека е на чекор од сценариото во кое ракот на грлото на матката ќе замине во историјата.
Позитивните предвидувања главно се должат програмата за примање на вакцината ХПВ (хуман папилома вирус) за децата во училиште, а клучните промени почнаа во 1991 со воведување на програмата за пап-брисови.
Десетици години подоцна, бројката на жени заболени од овој вид рак опадна за 50 отсто, поради раното откривање на абнормални промени.
Инциденцата на рак на грло на матката во Австралија во моментов изнесува седум случаи на 100 000 лица, што е половина од просекот во светски рамки.
Според Советот за рак на Австралија, најголемите промени допрва ќе се случуваат бидејќи првите приматели на ХПВ-вакцината се во нивните триесетти години.
За околу две години, ракот на грлото на матката официјално ќе стане ретка болест во Австралија, со шест нови случаи на 100 000 жени годишно.
Ако продолжи актуелната практика, болеста ќе биде речиси непостоечка до 2066, со само еден случај на 100 000 лица. До 2100 овој тип рак ќе биде причина за само три смртни случаи во еден милион жени (во споредба со 21 случај во еден милион жени, или 260 смртни случаи годишно во моментов).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

