Економија
Сугарески: Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин
Македонија и Србија ќе градат заеднички железнички граничен премин на граничниот премин Табановце, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, кој се обрати на конференцијата по повод проектот за изградба на заедничкиот железнички граничен премин со Република Србија на граничниот премин Табановце.

Проектот, како што соопштуваат од Министерството за транспорт и врски, е со вкупна инвестициска вредност од над 4,5 милиони евра и се очекува изградбата да почне во 2020 година.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, во своето обраќање на конференцијата истакна дека покрај изградбата на заеднички железнички граничен премин на површина од 2.400 квадратниметри предвидена е и изградба на нов пристапен пат до железничкиот премин, како и нова пречистителна станица за да се подобри снабдувањето со вода и електрична енергија.

„Република Македонија со својата цврста одлука за европската и евро-атлантската интеграција е максимално посветена на воспоставување регионална соработка и добрососедски односи. Денешниот настан е само потврда за нашите намери за продлабочување на таквата меѓудржавна соработка“, изјави Сугарески во своето обраќање.
Проектот, како што додаде министерот за транспорт и врски, предвидува изградба на заеднички железнички граничен премин со Република Србија на граничниот премин Табановце, на вкупна површина од 2.400 квадратни метри.

„Во заедничкиот објект ќе бидат сместени вработени на Граничната полиција, на царинските управи, инспекциските служби, како и државните железнички компании од Република Македонија и Република Србија. Целокупниот граничен систем, вклучувајќи ги и инспекциските контроли, ќе функционираат заеднички од тој објект, со што ќе се овозможи побрз и поефикасен транспорт на стока и патници“, изјави Сугарески.
За таа цел, Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски до крајот на оваа година ќе аплицира за грант преку инструментот на инвестициска рамка на Западен Балкан на Европската Унија за што веќе добивме поддршка за обезбедување на инвестицијата од Европската банка за обнова и развој, додаде министерот за транспорт и врски.

Сугаревски за време на своето обраќање исто така истакна и дека во завршна фаза е изработката на тендерската документација за изградба и дека набргу ќе биде објавен и јавниот повик, а доколку работите се одвиваат во согласност со договорената динамика, изградбата би почнала во 2020 година, заклучува миснистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

