Забава
Том Круз шест години ја нема видено ќерката
 
																								
												
												
											Том Круз ја нема видено својата ќерка Сури, која ја доби со Кејти Холмс, шест години, пишува „УС Викли”.
Малечката Сури има 12 години, но не го видела својот татко половина од животот бидејќи не припаѓа на Скиентолошката црква.
Том има право да ја види својата ќерка десет дена месечно, но „тој одлучил да не се гледаат бидејќи таа не е скиентолог”.
Кејти и Том се разведоа во 2012 година по шест години брак, по што актерката доби старателство над својата ќерка.
Круз е посветен скиентолог со децении, инаку  со организацијата го запозна неговата прва жена, Мими Роџерс. По разводот од неа, тој се ожени со Никол Кидман во 1990 година со која усвои две деца, Изабела и Конор.
Иако се раздели од нивната мајка во 2001 година, постарите деца се во контакт со него затоа што се воспитани како скиентолози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Забава
Имате над 40 години и сакате да ослабете: само една навика ќе ви помогне
 
														Губењето тежина е вистински предизвик, но може да добие сосема ново значење откако ќе наполните 40 години. Помеѓу хормоналните промени, побавниот метаболизам и недостатокот на време за правилно јадење и вежбање, може да се чувствувате како вашето тело да е сè повеќе „против вас“.
Студиите покажуваат дека вишокот тежина е честа појава кај жените на возраст меѓу 40 и 65 години, но не грижете се, има добри вести.
Нутриционистите велат дека постои моќна алатка што може да ви помогне да се борите против неа: водење дневник за храна.
Водењето дневник може да помогне со големината на порциите
Во свет на сè поголеми порции, лесно е да се внесат премногу калории без дури и да се сфати тоа.
„Бидејќи губењето тежина бара дефицит на калории, добра идеја е да користите пратење на храна за да добиете претстава за вашиот дневен внес на калории“, вели Натали Рицо, регистриран нутриционист.
Оваа едноставна алатка дава клучни повратни информации за количината на храна што ја јадете, а кога големината на порциите е намалена, се намалува и бројот на калории што ги консумирате.
„Математиката си е математика. Иако многу од моите клиенти веруваа дека „се хранат здраво“ и „прават сè како што треба“, тие се прејадуваа „здрава“ храна, што резултираше со прекумерен вкупен внес на калории“, вели Лорен Харис-Пинкус, регистриран нутриционист.
Секако, јадењето здрава храна е важно. Но, кога се обидувате да ослабете, количината исто така е важна.
Дури и со храна богата со хранливи материи, клучно е да се фокусирате на големината на порциите за да одржите одреден внес на калории.
Може да ви помогне да откриете скриени калории
Следењето ви помага да видите скриени калории и да разберете дали всушност го снабдувате вашето тело со енергија во согласност со вашите цели.
Не само што можете да ја следите хранливата вредност на храната, што значи дека е полна со хранливи материи за помалку калории, туку можете да видите и која храна е полна со повеќе празни калории.
Може да обезбеди мотивација
Без разлика дали станува збор за краткорочна диета или долгорочна диета, запишувањето што јадете е докажано дека помага во губењето на тежината.
На пример, студиите покажаа дека следењето на тоа што јадете, дури и само неколку дена во неделата, може да помогне во губењето на тежината.
Иако пенкалото и хартијата секогаш функционираат, користењето апликација за следење на храната може да биде особено ефикасно.
Постојат истражувања што го потврдуваат ова. Еден преглед покажа дека 74 проценти од луѓето кои го следеле внесувањето храна или физичката активност користејќи апликации изгубиле тежина.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ќерката на Кетрин Зета-Џонс во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 20 години
 
														Се чини дека настанот во Њујорк, наречен „PAC NYC Icons of Culture Gal“, бил семеен излет за Карис Зета Даглас и нејзиниот татко Мајкл Даглас.
Таткото и неговата сакана ќерка блескаа на црвениот тепих, а многумина беа воодушевени од црниот фустан од чипка што го носеше 22-годишната Карис.
Имено, станува збор за винтиџ парче кое првично го носеше актерката Кетрин Зета Џонс на церемонијата за воведување во Рокенрол куќата на славните. Сега, 20 години подоцна, нејзината ќерка го носи.
Карис го комплетираше стајлингот со едноставни црни чевли и црвени обетки, што го направи изгледот беспрекорен.
Патем, Карис откри за списанието „Пипл“ дека го сака винтиџ стилот и дека не е љубител на брзата мода од еколошки причини. Поради оваа причина, таа често избира да ги носи старите работи на нејзината мајка.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Фантазија на црвениот тепих: Ен Хатавеј го носи најубавиот огнен фустан
 
														Откако нè почасти со неколку трендовски изгледи за време на снимањето на долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада“, актерката Ен Хатавеј блесна во елегантен, романтичен изглед на настанот WWD Honors.
Таа го носеше можеби најубавиот црвен фустан што некогаш сме го виделе, докажувајќи, по којзнае кој пат, зошто е модна икона.
#AnneHathaway, eşi #AdamShulman ile birlikte New York’ta düzenlenen 2025 WWD Honors etkinliğine katıldı. Vintage kırmızı bir #Valentino elbise giyen #TheDevilWearsPrada yıldızı, modaevinin uzun yıllar finans ve strateji tarafını yöneten #GiancarloGiammetti ile de bir araya geldi.… pic.twitter.com/AguwHjvsvU
— Vogue Türkiye (@vogueturkiye) October 29, 2025
Холивудската ѕвезда се појави во спектакуларен црвен фустан од италијанската модна куќа Валентино кој раскажува бајковита, носталгична приказна за времето кога холивудскиот гламур беше насекаде околу нас.
Беше направен од тенки прерамки, тесен горен дел како корсет, но и нежни повеќеслојни набори од тил кои се спуштаа по линијата на телото и создаваа луксузна динамика додека одеше.
Anne Hathaway attends the 2025 WWD Honors at Cipriani South Street in New York City.
More #GettyVideo #WWDHonors #AnneHathaway 🎥 Theo Wargo 👉 https://t.co/N1DcQwcGXq pic.twitter.com/TG7I2wEru2
— Getty Images Entertainment (@GettyVIP) October 29, 2025
Прерамките врзани во машна во центарот на рамото, исто така, му даваат на фустанот дополнителна доза на женственост, а машната го краси и средниот дел од фустанот, под стомакот.

Ен носеше салонки во иста боја со оваа совршена креација, но ја задржа косата едноставна, а шминката суптилна, како што речиси секогаш прави. Косата ѝ беше собрана од лицето, а накитот беше дискретен, па фокусот беше на самата креација и нејзината гламурозна убавина.
фото: принтскрин


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											