Македонија
Дескоска: Не запираме на патот на реформите
Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска се обрати на министерскиот Форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан, на кој, покрај министрите за правда од регионот, присуствуваа и комесарката за правда на Европската Унија, Вера Јурова, и австрискиот министер за правосудство, Јозеф Мозер.
Министерката за правда истакна дека Република Македонија ја следи реформската агенда утврдена во Стратегијата за реформи во правосудството 2018-2025 година почнувајќи од реформите за јакнење и гарантирање на независноста на судството, како и реформи што треба да ја подобрат ефикасноста на судството.
Во согласност со Стратегијата за реформи во правосудството и планот 3-6-9 донесен од Владата на Република Македонија, министерката истакна дека се предвидени низа измени на Законот за судовите и Законот за Судскиот совет.
„Во таа насока се идните реформски активности со кои треба да се зајакнат независноста, непристрасноста и одговорноста на судството на нашиот пат кон европската интеграција. Поголемо ниво на ефикасност на судскиот систем ќе го унапреди квалитетот на заштитата на човековите права и ќе го зајаке владеењето на правото, а зајакнатата транспарентност на правосудните институции ќе ја врати довербата на граѓаните во судството“, истакна министерката Дескоска.
Македонија, додаде таа, нема да запре на патот на реформите. „Тие не се само формално исполнување на стандардите за пристапување кон Европската Унија, туку за доброто на граѓаните на нашата држава. Тоа се очекува од нас – борба против корупцијата, ефикасен и ефективен правосуден систем“, додаде министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.