Македонија
ДУИ: Не е време за предвремени избори
Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека во моментот не е време за предвремени парламентарни избори. Според партијата, со изборите ќе се наруши динамиката на имплементацијата на договорот од Преспа, што, како што велат од партијата, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и Европската Унија.
Централното претседателство на ДУИ на денешната седница ги разгледуваше актуелните состојби настанати по одржувањето на консултативниот референдум за влез на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот од Преспа. Според партијата, бројката од 610 илјади граѓани што се изјасниле позитивно јасно ја отсликува волјата на граѓаните за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на договорот од Преспа.
„ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуван договор претставува меѓународна обврска на државата и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред сè, од САД, Европската Унија и земјите членки на Унијата, во кои јасно и недвосмислено се повикува парламентот на Република Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на договорот од Преспа“, велат од партијата.
Исто така, од таму соопштија дека ДУИ одлучила дека во моментот приоритет за државата е изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира договорот од Преспа во парламентот. Партијата упати повик до преостанатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на договорот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

