Македонија
„Турбо работи за Жерновски мамичето негово“, вели Јанакиески за вработен на aеродром

На еден од разговорите од 20 март 2013 година пуштен во судницата на денешното судење за „Титаник“ може да се слушне како ексминистерот Миле Јанакиески во разговор со претпоставен од скопскиот аеродром вели дека одреден Нешо, кој работел како пожарникар на аеродромот, за изборите работел за тогашниот кандидат за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, по што му укажува на претпоставениот да му нареди на пожарникарот да престане бидејќи работата во Центар била „климава”.
„Имате еден таму на аеродром турбо работи за Жерновски, мамичето негово. Кажи му одма да престане оти ќе лета од работа. Ништо нема напраено за нас. Во Центар климава е работава“, вели Миле Јанакиески во телефонскиот разговор.
На ова, претпоставениот од скопскиот аеродром му вели на Јанакиески дека знае за кој човек станува збор, вработениот бил пријател со поранешниот функционер на СДСМ, Владо Бучковски, но сепак ќе се обидел да интервенира.
Во врска со изборите во Центар, на денешното рочиште беа пуштени уште неколку телефонски разговори од кои може да се слушне како ексминистерот Јанакиески бара список на уметници кои живеат во Центар, а работат во некој од музеите со цел директорите да ги притиснат за да излезат на гласање.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Филипче: Зад обвинувањата за дестабилизација Мицкоски го крие неуспехот на сопствените политики

„Премиерот подолг период наназад тврди дека јас, заедно со други, подготвувам некакви сценарија за дестабилизација и хаос. Тоа апсолутно не е вистина. До сега, ако навистина имало такви намери, ќе се случеше некаква дестабилизација, со оглед на тоа што премиерот постојано не обвинува за тоа“, рече денеска Венко Филипче претсседателот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање во седиштето на партијата.
Филипче тврдењата на премиерот ги оценува како неуспех од водењето на сопствените политики и немањето капацитет да се води државата.
„Причината е јасна, едноставно, тој нема со што да се пофали. Нема ниту еден успех кој може да го презентира, нема никаква добра политика. Сите гледаме што се случува во економијата – постои криза во буквално секој сектор. Евроинтегративниот процес е целосно заглавен, земјата назадува во поделби и меѓунационални тензии, што е исклучиво резултат на политиката што ја води оваа влада. Нема напредок ниту во образованието, ниту во земјоделството. Сите добри мерки и политики практично престанаа. Премиерот нема што друго да направи, освен да се обидува да создава впечаток дека постојат сценарија за дестабилизација“, изјави Филипче.
Притоа тој повтори дека ниту постои сценариот за дестабилизација, ниту размислуваме да постои. Потенцирајќи дека фокусот на партијата е насочена на борба со сите демократски механизми и инструменти против оваа ненародна и антидржавна власт.
Македонија
(Видео) Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што сè ќе го лажат народот?

„Сопругата на Димитар Апасиев, која земала пари од владата на СДС, преку програмата Еразмус+, лажела за својот ангажман на настанот во Грција за кој земала пари“, вели Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Скандалозно е тоа што во својата биографија, Тамара Јованов Апасиева наведува дека на овој настан во Грција била „лектор и учесник“. Но официјалните документи кажуваат друго – била само учесник, а не и лектор.
Зошто сопругата на Апасиев имала потреба да лаже во својата биографија, и да си препише работи кои не ги правела?
Дали сопругата на Апасиев намерно пишала дека е лектор, за да земе повеќе средства или, пак, тоа го направила неосновано да ја збогати својата биографија?
Зошто сопругата на Апасиев лаже во својата биографија?
Димитар Апасиев кој се претставува за јак правник, треба да каже дали тоа што неговата сопруга лажела во својата биографија е фалсификат или измама?
Исто така, Димитар Апасиев како политичар, кој се бори за гласови треба да каже што се тој и неговата сопруга лажат, кога лажат за една биографија?
Како може народот да му верува на Апасиев, кој пред камери едно зборува, а зад камери трупал европски пари од СДС во џеб?“, прашува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Владата на ДПМНЕ со иста фирма склучи ист мегаломански тендер како и владата на СДСМ – 380.000 евра кампања за придобивките од ЕУ“, велат од партијата Левица

„Историјата се повторува, овојпат како фарса. Владата на ДПМНЕ реши да потроши над 23,3 милиони денари (околу 380.000 евра) за 45-дневна кампања со која на граѓаните ќе им објаснува колку е добро да бидеме дел од Европската Унија“, велат од партијата Левица.
„Истата оваа услуга пред неполни две години ја купи и владата на СДСМ – со исто времетраење, иста фирма, слична цена: 355.000 евра. Тогаш медиумите блиски до актуелната партија на власт критикуваа за вредноста на договорот, како и за сомнителноста и мистериозноста на компанијата „Вертиго-НМЕ ДОО“, која ја спроведуваше и сега повторно ќе ја спроведува кампањата.
Скандалот е уште поголем доколку се види тендерската документација. За оваа кампања стигнале две понуди: едната вредна 9.211.203 денари, а другата 19.799.919 денари без ДДВ. Владата на ДПМНЕ ја избра втората, односно двојно поскапата!
А додека властите се натпреваруваат кој ќе потроши повеќе за европски спотови, народот тоне во сиромаштија и преку СМС пораки лечи деца или собира донации за повредените од трагедијата во Кочани. Власта упорно троши милиони од народната каса за да продава пропаганда наместо да вложува во реалните потреби на народот и да овозможи нормални услови за живот кои нема да го тераат секој млад човек да си замине од државата.
Со вакви криминални тендери и расфрлање со јавни пари, единствената европска перспектива е дека уште долго ќе ја гледаме ЕУ на скапи билборди и телевизиски спотови“, се наведува во соопштението на партијата Левица.