Забава
Холивудски актер возел пијан со двегодишниот син во скутот
Американскиот актер Пуч Хол беше уапсен во средата вечерта откако под влијание на алкохол и со двегодишниот син во скутот удри со својот автомобил во друг паркиран автомобил.
Според полицискиот извештај, сведоците виделе човек со дете во скутот како вози автомобил по патот, по што се судрил со паркирано возило и бил уапсен на истото место, а детето било предадено на неговата мајка.
Еден од сведоците изјави дека ги видел рацете на детето на воланот, пишува „Дејли мејл“.
„Господин Хол покажа знаци на алкохолизам и не успеа да го помине тестот на трезвеност. Двегодишниот син на Хол бил присутен во автомобилот и се возел без појас пропишан од законот”, според полицискиот извештај.
За среќа, немаше повредени, а на неодговорниот актер му е одредена кауција од 100 000 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Пијана баба ја возела внуката на мопед – полицијата во Белгија во неверување по признанието колку пијачки испила
Локалната полиција на округот Ривиеренланд на север од Белгија запрела вкупно 994 возачи, вклучувајќи и неименувана баба, за време на контролите на сообраќајот за алкохол и дрога.
Властите објавуваат дека жената ја возела на мопед својата 9-годишна внука и дека нивото на алкохол во крвта ѝ било утврдено на 1,49 промили.
Бабата признала дека испила четири чаши џин-кола, а полицијата ѝ ја одзела возачката дозвола на 15 дена, објави белгискиот јавен сервис „ВРТ“.
Фото: илустрација
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.

