Економија
Анѓушев од Охрид: Ќе постигнеме заштеда од 70 до 100 милиони евра и ќе добиеме автопат по сите технички и меѓународни пропозиции
Со новите договори и со ревидирање на целосната проектна и техничка документација ќе добиеме автопат што во целост ги исполнува меѓународните стандарди, рече заменик- претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, при денешниот увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, којшто го изврши заедно со директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов.
„Овој автопат беше со сериозни потешкотии, и од аспект на техничка документација, и од аспект на неиспроектирани и незавршени проекти и сè друго што не било испланирано, во смисла на клучки, тунели и регионални патишта за приклучување на населените места кон овој автопат. Потрошивме скоро една години, но тоа не беше залудно затоа што сите проекти ги доведовме во технички исправна состојба, како овој тунел што е скоро готов. Дополнително, ги намаливме цените меѓу кинескиот изведувач и македонските компании, разликата во цените претходно беше голема, над 50 проценти, а сега таа е цена е намалена и ќе биде сведена на меѓународните фидик-пропозиции, на околу 10 отсто. Со сите овие заштеди, и на тунелот и на дополнителни работи, ќе направиме сериозна заштеда од првичните средства што беа побарани до конечната вредност. Односно ќе заштедиме од 70 до 100 милиони евра“, изјави вицепремиерот.
Ревидирањето на работите на автопатот Кичево – Охрид, како и склучување нови договори со кинеската компанија, изведувач на проектот, било направено согласно со мислењата и консултациите од фидик-експертите од Австриската агенција за патишта, одредени американски компании со големо искуство во оваа област и со експертите од Градежниот факултет во Скопје. Сите тие, како што рече Анѓушев, помогнале во создавањето на технички издржан и економски исплатлив проект и заедно со вработените во ЈП „Државни патишта“ дале сериозен придонес за конечно овој пат да биде доведен во ред, и технички и финансиски.
„Мислам дека вредеше да се почека и овој пат да се стави и технички и финансиски во исправна состојба, да не правиме непотребни и непродуктивни трошења на средствата од граѓаните на Република Македонија. Направивме широки консултации, вклучивме широки технички и финансиски тимови, за да бидеме сигурни дека тоа што го правиме и од технички и од финансиски аспект е издржано. Со новиот пред-анекс којшто се очекува да се усвои, дефинитивно ќе се решат сите проблеми, а тоа значи дека ќе се направи јасна динамика според која ќе се врши експропријација, ќе се направи јасна динамика која ќе се стави гантограм по којшто ќе се извршуваат работите на автопатот. Тоа значи дека никој нема да ги толкува работите слободно, истите ќе се извршуваат како што налагаат фидик пропозициите и како што налагаат техничките критериуми“, дополни Анѓушев.
За директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, Зоран Китанов, автопатот сега конечно ќе овозможи нормално функционирање на меѓуградската инфраструктура, движење на граѓани со новопроектираните приклучоци за регионални и локални патишта и секако ќе значи голем бенефит за функционирањето на стопанството на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

