Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од фер и демократски избори
СДСМ ги урна позициите на Република Македонија на меѓународен план и во спорот со Грција, а од друга страна со криминалот, корупцијата, грабежите на народни пари и неспособноста ја врати државата назад во времето на криминалната транзиција, наместо да ј доближи кон европските стандарди, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ се плаши од фер и демократски избори. СДСМ се плаши од ефективна борба против криминалот и корупцијата. СДСМ се плаши од професионални и независни институции.
Одговорност мора да има за референдумскиот фалсификат и за сите криминали на владата на СДСМ. Македонија е пред нова политичка криза како резултат на неспособноста на Заев и СДСМ. Излез од политичката криза ќе биде прифаќањето на барањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку СДСМ навистина сака предвремениизбори, потребно е формирање на техничка пржинска влада, содржински иста онаква каква што имаа СДСМ и Зоран Заев пред изборите во 2016-та година. Одговорност за криминалите на власта мора да има, поради тоа второто барање е ЈО кој ќе е на предлог на опозицијата. Третото барање е формирање на собраниска комисија која ќе ги разгледа нерегуларностите при референдумскиот процес, за да истите не ни се повторат за време на предизборието и на самиот ден на гласање.
Втората опција е Заев и СДСМ веднаш да се откажат од капитулантскиот договор, а потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. После изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи создавање на нова обвинителска институција за сузбивање на организираниот криминал и корупција, веднаш по завршување на работата на постојното политизирано јавно обвинителство“ се наведува во соопштението на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

