Регион
Први реакции на медиумите во БиХ по изборите: Земјата влегува во уставна и политичка криза
Првите реакции на медиумите во Босна и Херцеговина се дека по осмите општи избори во земјата од крајот на војната, не се исклучува можноста државата да влезе во уставна и политичка криза.
Според медиумите, се посочува дека особено било очигледно дека на голем број регистрирани гласачи во Босна и Херцеговина им било тешко да излезат на гласање.
Новинарот Бенјамин Бутковиќ за „Ал Џезира Балканс“ пишува дека, најверојатно, најголемото изненадување на вчерашните избори е, како што пишува, дебаклот на кандидатот за член на Претседателството на БиХ од редовите на бошњачкиот народ, водачот на Алијансата за подобра иднина, Фахрудин Радончиќ.
Се вели дека пребројувањето на гласовите е сè уште во тек. Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина објави податоци со малку помалку од половина од избирачките места, а резултатите сè уште не се потврдени, додаваат медиумите.
Причините за ваков пораз, вели авторот, веројатно темелно ќе ги анализира неговиот изборен штаб, но сите процени пред изборите говореле дека главната трка ќе се води помеѓу Радончиќ и кандидатот на Партијата за демократска акција, Шефик Џаферовиќ.
„Политичкиот потоп е уште поголем бидејќи тоа е еден од кандидатите на Мирсад Хаџикадич, лишен од поддршка од која било партија, кој освои речиси 10 отсто од гласовите, а Радончиќ, со сериозна партија, која учествуваше во владата, освои само два и пол процента повеќе. И тука, очигледно, нема да помогне ни пребројување на другите гласачки ливчиња“, вели Бутковиќ за „Ал Џезира Балканс“.
Многумина ќе тврдат дека е изненадување и убедливо поголемиот број гласови за Жељко Комшиќ во споредба со противкандидатот, Драган Човиќ. Што е познато, вели Бутковиќ, дека Комшиќ ќе добие голем дел од гласовите.
Бутовиќ смета дека очите на јавноста повторно се свртени кон БиХ и изборите за членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, а многу позначајно е какви ќе бидат политичките сили во парламентот.
Набројувајќи низа нерегуларности за време на изборите, авторот наведува дека по завршувањето на изборната трка, БиХ влегува во уставна и политичка криза затоа што, според сегашниот Изборен закон на Босна и Херцеговина, нема да биде можно да се применат резултатите од изборите во делот што се однесува на пополнување на домот на народите во БиХ, а со тоа и во парламентарното собрание на Босна и Херцеговина.
Тоа е тешко, смета Бутковиќ, посочувајќи дека тој верува дека домашните политички актери ќе се договорат за можни решенија и ќе ги гласаат во парламентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна.
Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија и е на респиратор.
Заменик-директорот за пулмологија Спасоје Попевиќ денес изјави дека неговата здравствена состојба останува сериозна, но дека ситуацијата е постабилна отколку во среда навечер.
„Тој е сè уште во сериозна здравствена состојба. Борбата продолжува, тој е на механичка вентилација и во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба“, рече Попевиќ.
Тој додаде дека е прерано да се даваат какви било прогнози.
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е нешто подобра. Вучиќ ја даде изјавата од авионот, пренесува РТС.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.

