Македонија
За „Саемот на мебел“ пуштени две нови автобуски линии

Oд денеска до недела (14.10.2018 година), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени две привремени линии што ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион.
И двете линии се воведуваат по барање на „Скопски саем“, за полесен пристап на посетителите на „Саем на мебел 2018 “.
Возен ред 100 (Ново Лисиче-СЦ „Борис Трајковски“)
Од Ново Лисиче: 11 ч, 12.20 ч, 13.40 ч, 16.00 ч, 16.20 ч, 17.40 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 11.40 ч, 13 ч, 14.20 ч, 15.40 ч, 17 ч, 18.20 ч.
Траса на движење: ул. Февруарски поход, бул. В.С.Бато, бул. Јане Сандански, бул. К.Ј.Питу, бул. Кочо Рацин, ул. 11 Октомври, ул. Димитрие Чуповски, бул. Св. Климент Охридски, бул. Партизански одреди, ул. Бледски договор, СЦ Борис Трајковски и обратно по истата траса.
Возен ред 200 (Дексион- СЦ „Борис Трајковски“)
Од Дексион: 11.20 ч, 12.40 ч, 14 ч, 15.20 ч, 16.40 ч, 18 ч.
Од СЦ „Борис Трајковски“: 12 ч, 13.20 ч, 14.40 ч, 16 ч, 17.20 ч, 18.40 ч.
Траса на движење: ул. Црногорска, ул. Кузман Шапкарев, ул. Ѓорче Петров, бул. Партизански одреди, ул. Бледски договор, СЦ Борис Трајковски и обратно по истата траса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.