Македонија
Aкција за расчистување на сметот во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник
Општина Кисела Вода спроведе акција за расчистување на сметот во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник, информираат од Општината.
„Во овие урбани заедници, во рамките на есенската акција за чистење, сезонските работници ангажирани од локалната самоуправа извршија целосно расчистување на отпадоците на тротоарите, улиците и тревните површини, кои се под нејзина надлежност“, се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода.

Со акцијата, како што наведуваат во соопштението, било опфатено и кастрење на гранките на дрвајата, а во исто време се собирал и кабаст отпад.
„Минатата недела активности за средување на училишниот двор се одвиваа и во ООУ ‘К0узман Шапкарев’ во Драчево. Имено, со овие активности, кои исто така ги спроведе Општина Кисела Вода, беше извршено целосно расчистување на сметот во дворот, беа искосени нараснатите тревни површини, а скастрени беа и гранките на дрвајата и грмушките. Покрај ова, изминатиов викенд вработените во ЈДГ ‘Весели цветови’, заедно со родителите на дечињата што ја посетуваат оваа градинка, спроведоа еколошка акција за чистење на дворовите во своите 6 објекти. Во оваа акција дворната ограда на објектот ‘Сончоглед’ доби нова боја“, се наведува во соопштението на Општината.

Есенската акција за чистење на Кисела Вода утре и задутре ќе продолжи да се одвива во месните заедници Припор и Усје. Од Општината преку своето соопштение испратија и апел до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавната чистота како би придонеле за почиста и поубава Кисела Вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

