Македонија
Заев: Пратениците имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија
Првиот човек на Владата, Зоран Заев, доцна синоќа преку фејсбук-статус се огласи по доставувањето на четирите амандмани за промена на Уставот во Собранието.
Тој порача дека пратениците имаат историска должност да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет преку договорот.
„Сите пратеници имаат историска должност пред граѓаните да го обезбедат патот на Македонија кон стабилност и економски просперитет. Тоа е патот кон НАТО и ЕУ, кој води преку македонско-грчкиот договор“, гласи коментарот на Заев.
Вчера Владата до Собранието ги достави четирите амандмани за уставни измени за кои треба да се изјаснат пратениците во законодавниот дом. Суштинските измени се однесуваат на додавање на придавката северна пред името Македонија во целиот текст на Уставот, измени на преамбулата на Уставот во согласност со договорот со Грција, поцврста гаранција за неповредливост на границите и територијалниот интегритет, како и грижа за Македонците и дијаспората во странство. Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, не сакаше да одговори дали Владата успеала да ги убеди оние 10 пратеници што недостигаат за двотретинско мнозинство за уставни измени. Следен чекор е расправа, која деловнички трае 10 дена по што ќе биде јасно дали владејачкото мнозинство успеало да ги обезбеди 80-те пратенички гласа. Според извори од пратеничките групи, ова мнозинство засега не е обезбедено, но продолжуваат преговорите со опозициските пратеници. Од наjголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ деновиве истакнаа дека не отстапуваат од претходните ставови дека нема да поддржат промени на Уставот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир, Бутел и Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир;
· во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел;
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари.
Македонија
Делови од Карпош и Шуто Оризари денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Копенхагенска и Стокхломска, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Утрото постудено и магливо, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок следува период на стабилно и суво време со постудени утра, а дневната температура ќе биде во пораст, особено во деновите од викендот. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.

