Свет
Турција уапси уште 18 лица осомничени за учество во ФЕТО

Најмалку 18 лица се уапсени поради сомнение за учество во обидот за пуч во 2016 во Турција, пренесуваат турските медиуми.
Осомничените се уапсени по истрагата во 25 провинции, а меѓу нив има 12 воени лица и шест цивили, велат анонимни извори.
Осомничените се дел од 45-те лица за кои постои сомнение дека се дел од терористичката организација ФЕТО за која обвинителството во Истанбул издаде налози за апсење.
Налозите за апсење вклучуваат 17 активни воени лица, три воени лица ослободени од должност, три воени лица во пензија, како и две воени лица на обука.
ФЕТО на чело со својот лидер Фетулах Ѓулен стојат зад неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а најмалку 2.200 беа повредени.
Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања што се инфилтрира во турските институции, особено во војската, полицијата и судот, со цел да го урниса државниот врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Украинците потврдија напад: Срушени руски железници, загинати гардисти

Украинската Главна разузнавачка управа (ГУР) и Специјалните операции изведоа координирани напади врз две клучни руски железнички линии – Орел-Курск и Санкт Петербург-Псков – со цел да ја нарушат логистиката на Кремљ.
Just now – a passenger train derails in Russia’s Volgograd region after colliding with a truck. The locomotive is completely smashed up. pic.twitter.com/Ilm79vzdd6
— WarTranslated (@wartranslated) July 29, 2024
Во експлозија во регионот Орел, при обид за деминирање на пругата Малоархангељск-Глазуновка, загинале двајца припадници на Руската гарда, а трет останал без нозе. Поради тоа бил запрен федералниот железнички сообраќај, а повеќе од 15 возови каснеле.
Вториот напад се случил ноќта на 14 септември, кога на пругата Санкт Петербург-Псков бил дигнат во воздух воз – локомотивата излетала од шините, а уништени биле 15 цистерни со гориво.
Од ГУР нагласуваат дека овие линии се од стратешко значење за снабдување на руските сили кај Харков и Суми и дека уништувањето ќе предизвика сериозни логистички проблеми за Москва.
Свет
Гувернерот на Јута: Убиецот на Кирк бил во врска со трансродна цимерка

Истрагата за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк продолжува, а гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот Тајлер Робинсон бил во романтична врска со својата цимерка која е во процес на транзиција од машки во женски пол. Кокс изјави дека таа целосно соработува со ФБИ и не знаела ништо за нападот.
Истражителите проверуваат и порака што Робинсон наводно ја оставил пред атентатот. Според гувернерот, осомничениот бил радикализиран преку „мрачната интернет култура“ и видеоигри, а не преку семејството.
Робинсон (22) доаѓа од конзервативно мормонско семејство во Јута, но последните години неговите ставови се менувале. На чаурите од оружјето биле пронајдени антиидеолошки пораки и мемови од видеоигри, што дополнително ја усложнува сликата за можниот мотив.
Иако бил израснат во републиканско семејство, останува нејасно дали убиството имало политичка позадина. Робинсон е во притвор и очекува официјално обвинение наредната недела.
Регион
Волк нападнал 5-годишно дете од Србија на плажа во Грција: „Не’ бркаше на плажата и во дворот“, сведочи мајката

Неверојатно звучеше веста дека волк нападнал девојче од Србија на плажа кај Неос Мармарас, на Ситонија во Грција. Во првите извештаи медиумите беа резервирани, со сомнеж дека можеби не станува збор за волк, туку за некоја слична ѕверка. Детето заврши во болница со гребаница по грбот, пишува српски “Телеграф“.
Трагедијата била избегната благодарение на присебната реакција на мајката и на еден човек кој почнал да го гаѓа животното со камења.
„Во секунда волкот беше покрај мојата ќерка, ја отвори вилицата и тргна да ја зграпчи во пределот на половината! Веднаш ја зграбив и почнав да бегам!“, се присетува на ужасната сцена која можела да заврши трагично, Ирена Пеиќ – мајка на петгодишното девојче од Србија, кое во петокот на плажа во близина на градот Неос Мармарас беше нападнато од волк.
Сцената се одиграла за само неколку секунди, во раните утрински часови.
„Тоа е плажа пред делот кон Парадисос плажата, нешто пред осум часот наутро. Беше свежо, а среќна околност е што ќерка ми носеше дуксер. Таа си играше со едно бебе на плажата, кога еден човек викна: ‘Што е ова?’ Во истиот момент додека станувавме, волкот беше веќе до нас. Буквално ни го блокираше преминот и се позиционираше така што не можевме да поминеме“, опишува Ирена.
Во следната секунда, вели, волкот бил веднаш до девојчето.
„Ја отвори муцката за да ја зграпчи, но во тој момент ја зграбив и тргнав да бегам. Нас нè спаси човекот што почна да фрла камења. Волкот падна во вода, ние добивме неколку секунди да побегнеме по скалите за да влетаме во апартманот. Но, волкот излезе од водата и скокна во дворот на апартманот, па таму почнаа да го бркаат со мотки и камења, и така заеднички го истераа“, вели таа.
Среќа во несреќа, девојчето поминало само со гребаница по грбот. Во болница добила неколку вакцини и терапија со антибиотици.
„Сите бевме многу вознемирени. Да не беше човекот кој фрлаше камења, не знам како ќе завршеше. Тој ни даде шанса да се спасиме“, вели благодарната мајка.
Таа додава дека детето било во голем страв и два часа не дозволувало да се отворат вратите од апартманот.
Ирена го пријавила случајот во општината и полицијата, со надеж дека некој ќе реагира.
„Пред неколку дена имаше пожар, па веројатно волкот се одвоил од чопорот. Чувме дека ова не е прв напад – велат дека е веќе петти во регионот. Еден напад на жена бил пред три дена, а на куче пред два. Некои велат дека имало напади и во мај. Се надеваме дека надлежните ќе преземат мерки. Никој од нас не очекуваше такво нешто, но најмалку 20 луѓе го видоа волкот, имам сведоци“, објаснува Ирена.